Хотел Ројал, Тетово: Македонија
1,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Цената за ноќевање за двајца од 1,500 и 1,800 денари во зависност од собата
- Цената за ноќевање за три лица од 2,400 денари
- Цената за ноќевање за четири лица од 3,000 денари
- Во цената е вклучено ноќевање со појадок
- Цената може да биде повисока за празници и во ек на сезона
- Греење/Ладење
- Wi-Fi/TV
- Туристичка такса
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
Хотел Ројал, Тетово: Македонија. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Хотел Ројал во Тетово е лоциран е во мирна и зелена околина, со лесен пристап до центарот на градот, универзитетот и железничката станица, како и до главните патни правци кон Скопје и Кичево.
Хотелот располага со околу 25 соби, вклучувајќи еднокреветни, двокреветни, трокреветни, делукс трокреветни соби и јуниор апартмани.
Сите соби се опремени со клима уред, телевизор со кабловски канали, мини-бар, работен простор, бесплатен Wi-Fi и приватна бања со туш или када, бесплатни тоалетни прибори и фен за коса.
Во хотелот има ресторан кој служи италијанска кујна со опции за вегетаријанци, како и снек бар со закуски и кафе. Достапен е рум сервис, појадок во соба и пакувани ручеци по барање.
Хотелот располага со спа и велнес центар со сауна, џакузи и релаксациона зона.
За рекреација, хотелот нуди два надворешни базени, вклучувајќи и детски базен, како и базен со убав поглед. Во лето е достапен аква парк. Гостите можат да уживаат и во активности како водни спортови, скијање во близина, велосипедизам, столн тенис, билјард и фитнес центар. Исто така, хотелот располага со спа и велнес центар со сауна, џакузи и релаксациона зона.
За најмладите гости има детско игралиште и детски базен со играчки на отворено.
Хотелот обезбедува бесплатен приватен паркинг без потреба од резервација
Не се дозволени домашни миленици.
Дополнително, хотелот располага со конференциска сала погодна за состаноци и банкети (со дополнителна наплата).
На располагање е и 24-часовна рецепција, менувачница, услуги за перење и хемиско чистење, како и факс и фотокопир.
Пријавата во Хотел Ројал е од 14:00 часот, а одјавата е до 12:00 часот.
ЛОКАЦИЈА