СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Вила со базен, сауна и џакузи во село Једоарце, Тетово

Tetovo
Цена од:

13,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цел објект од ноќ е 13.500 денари до 6 лица за едно ноќевање
  • Цена за наем на објектот за еден пар е од 10.000 денари за едно ноќевање
  • Цената може да варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Сауна
  • Џакузи

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата има инфинити базен со водопад, сауна и отворено џакузи. За да резервирате испратете он-лајн барање. По испратеното барање ќе добиете повратен одговор со конечната цена. Доколку ви одговара сумата за резервација плаќате депозит, а остатокот го плаќате на 5 дена пред пристигнување.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух
Изолирано
Дрвена Куќичка
СПА
Несекојдневно

Сместувачки капацитет

Вилата располага со 3 соби со вкупно 6 кревети:

  • 2 соби со брачни кревети
  • 1 соба со 2 единечни кревети

Максималниот капацитет на вилата е 6 гости.

Удобности

Вилата располага со:

  • Целосно опремена кујна
  • Фрижидер
  • Рерна
  • Еспресо машина за кафе, капучино и макијато
  • Wi-Fi интернет
  • Внатрешен камин
  • Сауна
  • Надворешно џакузи
  • Надворешен инфинити базен со водопад и џакузи
  • Приватен паркинг

Локација и околина

Сместувањето се наоѓа на 600 метри надморска височина, опкружено со шума и природа, што овозможува мирен и релаксирачки престој.

На само 100 метри од вилата се наоѓа селската црква. Соседството е тивко и мирно, со околни објекти кои претежно функционираат како викендички.

Во близина гостите можат да уживаат во пешачење низ шумата, која започнува веднаш од селото и се протега кон соседните села Отуње и Сотоле.

Пристигнување и заминување

  • Check-in: 13:00 часот
  • Check-out: 10:00 часот

Дополнителни информации

  • Клучот се подига директно од сопственикот на вилата.
  • Постелнината и пешкирите се менуваат секојдневно.
  • Сместувањето не дозволува престој со домашни миленици.
  • Обезбеден е простор за остава на велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Davor Lazarevski

    22.01.2024 09:50

    Zdravo pocituvani me interesira koja e cenata da se iznajmi vikendicava za 2 nokja za 16ti i 17 februari za dve osobi ?