Хотел и Спа Арена, Попова Шапка: Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел и Спа Арена, Попова Шапка: Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Арена, со три ѕвезди е лоциран во познатиот скијачки центар Попова Шапка во Тетово, Македонија. Близината на скијачките терени и сите содржини кои ги нуди хотелот го прават уникатен за сите љубители на зимските спортови.
Во пролет и лето тука може да се ужива во чист воздух, зеленило и бескрајни прошетки.
Хотел Арена располага со соби од следниот тип:
1. Стандардна двокреветна соба со поглед на планина - 2 единечни кревети
2. Трокреветна соба - 1 брачен кревет и 1 единечен кревет
3. Семејна соба со поглед на планина - 1 единечен кревет и 2 брачни кревети
4. Двокреветна соба - 1 брачен кревет
Сите соби се модерно опремени и располагаат со сопствена бања, фен за коса, бесплатни тоалетни производи, тв, тв канали, телефон, софа, гардеробер, бесплатен интернет.
Хотелот располага со Спа и Велнес центар, затворен базен, сауна, џакузи.
Во Хотел Арена има ресторан каде се служи појадок. Тоа е најчесто шведска маса, a la carte или континентални опции.
Хотелот има и кафе бар и огромна тераса на која може да се ужива особено во сончевите денови.
Конференциска сала која е модерно опремена за бизнис состаноци, тим-билдинг патувања.
Бесплатен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Check-in: 15:00-23:00
Check-out: 08:00-10:00
ЛОКАЦИЈА