СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Апартман во центарот на Куманово

Kumanovo
Цена од:

2,150.00 ден

Вклучено во цена:

  • 2.150 денари за 2 лица од ноќевање
  • За трето лице се доплаќа 310 денари
  • Цените варираат во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Апартманот располага со 2 соби, еден брачен кревет и една софа на развлекување. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 4
Кревети : 2
Check In : 12:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Опременост на апартманот

Апартманот е целосно опремен за пријатен престој и располага со клима уред, бесплатен Wi-Fi, балкон со поглед кон паркот, машина за перење алишта и целосно опремена кујна.

Кујна

Кујната е опремена со фрижидер, шпорет, микробранова печка, електричен чајник, како и со сите неопходни садови и прибор за подготовка на оброци.

Паркинг

Гостите можат да користат приватен паркинг пред зградата. Во непосредна близина има и јавен паркинг кој се наплаќа 120 денари дневно.

Локација

Сместувањето се наоѓа во центарот на градот, во близина на ресторани, кафулиња, продавници и главните градски атракции.

Капацитет

Апартманот има капацитет за најмногу 4 лица.

Пријавување и одјавување

Check-in: од 12:00 часот
Check-out: до 10:00 часот

Одржување и хигиена

За гости кои престојуваат подолг период, постелнината и пешкирите се менуваат на секои 3 дена, а комплетно чистење на апартманот со промена на постелнината се врши на секои 5 дена.

Дополнителни информации

Не е дозволен престој на домашни миленици.
• Обезбеден е простор за складирање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување