Вила со базен во Шупли Камен
2,400.00 ден
Вклучено во цена:
- Минимална цена за пар од 2 лица од ноќевање за користење на еден спрат
 - Цените варираат во зависност од периодот, бројот на лица, бројот на денови
 - Греење/Ладење
 - Паркинг
 - ТВ/Wi-Fi
 - Сезонски базен
 - Тениско игралиште (Сезонско)
 
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
 - Храна
 
Вила со базен и тениско игралиште. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата е лоцирана
во кумановското село Шупли Камен, кој е идеално за одмор и релаксација. 
Викендицата располага
со два спрата, секој спрат има посебен влез. Вилата може да се изнајми како цел
објект или одделно по спратови. 
Секој спрат има
една спална соба и две соби со единечни кревети, две купатила, кујна, дневна, а
цела куќа е опремена со бела техника. 
Куќата има Wi-Fi,
камин на едниот спрат и клима. 
Паркингот е
бесплатен. 
Капацитет на еден
спрат има за 5 лица или на двата спрата може да се сместат околу 10 лица.
Во близина на околу
50 метри се наоѓа реката Пчиња, а околу куќата има стаза за пешачење и убава шума
за одмор. 
Во близина нема
многу куќи и е доста мирно и дискретно место.
Check in: 12:00 часот
Check out: 10:00 часот
Клучот се подига
од сопствениците на вилата кои ги пречекуваат гостите и ги запознаваат со
околината.
Постелнината се менува доколку гостите останат подолго, а исто така и доколку имаат потреба може да побараат да се смени во било кој ден.
Вилата има место каде се оставаат велосипеди.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
- 
					
Mario Apostolovski
12.08.2025 23:20
Treba mi od subotu do ponedelnik dali e slobodna?
 - 
					
Zoran stankovski
03.08.2025 11:43
Od 06.08 do 08.08 dali e slobodno i kolku pari e za 5 vozrasni i dve deva
 - 
					
Darko Voislavovikj
26.07.2025 09:38
Slobodna li e za 2ri avgust
 - 
					
Martina Petrova
29.06.2025 16:23
напишете ми кои денови е слободна за две ноќевање 4 лица и колку пари