СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Рустично планинско сместување на 900 мнв во регионот Полаки

Kochani/Ponikva
Цена од:

2,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела викендица
  • TV
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до смесувањето
  • Храна

Доколку сакате да ја резервирате викендицата потребно е да испратите барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 6
Check In : 10:00
Check Out : 18:00
Паркинг
Чист Воздух
Pet Friendly

ВАЖНО: Викендицата не е на Пониква, туку во месноста Полаки

Локација

Викендицата се наоѓа во месноста Полаки, на Осоговските Планини, на надморска височина од 900 метри, оддалечена околу 15 километри од Кочани.

Важно: Викендицата не се наоѓа на Пониква, туку во месноста Полаки.

До викендицата се пристигнува преку Кочани, во правец кон селото Припор. По патот се поминува покрај црквата „Св. Илија“, а потоа се продолжува кон селото Полаки.

Денес овој регион е речиси целосно иселен, а во селото живеат околу 30 жители, што овозможува мирен и автентичен престој во природа.

Сместување

Викендицата располага со:

  • 1 спална соба со брачен кревет, тросед и двосед (не се расклопуваат)
  • Дневна соба со тросед кој се расклопува во брачен кревет и двосед
  • Посебна просторија со еден кревет што се расклопува за две лица
  • Мало поткровје со еден единечен кревет

Максималниот капацитет е 6 гости.

Опременост

Во дневната соба има печка на дрва и Smart TV кој може да се користи со интернет преку hotspot.

Спалната соба располага со телевизор со национални телевизиски канали.

Во викендицата има и просторија со камин.

Кујната е целосно опремена и располага со проточен бојлер за топла вода.

Интернет

Викендицата не располага со Wi-Fi интернет.

Паркинг

Обезбеден е приватен паркинг за гостите.

Двор и околина

Викендицата располага со ограден двор со површина од 3.000 м², кој вклучува:

  • Простор за скара
  • Видиковец
  • Дабова шума
  • Овоштарник
  • Зеленчукова градина

Викендицата е целосно самостојна и нема непосредни соседи. Во близина се наоѓа мало село со неколку постојани жители.

Пријавување и одјавување

Check-in: од 10:00 часот

Check-out: до 18:00 часот

Клучот се подига од домаќините со претходен договор.

Одржување

Постелнината и пешкирите се менуваат по секоја промена на гости.

Дополнителни информации

  • Дозволен е престој со кучиња од мали раси во внатрешноста на викендицата.
  • Обезбеден е простор за оставање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување