Осоговска Куќа
2,400.00 ден
Вклучено во цена:
- Цело сместување:
- Од 2,400 денари едно ноќевање ( за 2 лица со вклучен појадок )
- Од 200 денари ( за 2 лица со вклучен појадок на подолго од 2 дена )
- Трокреветна соба е 2600 денари со појадок
- доколку се користи помошен кревет се доплаќа 600 денари со вклучен појадок, доколку не се користи не се доплаќа за деца
- Wi-FI
- Греење/Ладење
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
„Вила Осоговска Куќа“ можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор со цена, а потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините
„Вила Осоговска Куќа“ која се наоѓа на 1250 метри надморска височина во живописна природа и околина. Ова вила е оддалечена 12 километри од Кочани и 8 километри од туристичкиот центар Пониква. Вилата е сместена во густа букова и аришова шума изолирана од градската врева. Точната локација е на само 200 метри од главниот пат кој води кон Пониква.
Вилата Осоговска Куќа има капацитет за околу 33 особи во 12 соби. Собите се 5 двокреветни, 5 трокреветни, комплетно опремена кујна, скара, веранда и дворно место од 2000 метри квадратни.
Околината на Вилата Осоговска Куќа изобилува со пешачки патеки покрај кој посетителите можат лесно да наберат чаеви, шумски плодови (малини, капини, шумски јагоди…) или едноставно да уживаат во недопрените убавини на Осоговските Планини. Храната во вилата Осоговска Куќа се подготвува во ресторанскиот дел кој работи секој ден.
Резервации и информации на: 072/315-535
Осоговска куќа се наоѓа на Осоговските планини на 12 километри од Кочани кон Пониква од десната страна. Располага со шест двокреветни соби со брачен кревет и шест трокреветни со брачен кревет и еден единечен.
Секоја соба има сопствен тоалет, Тотал ТВ, пешкири и централно греење. Собите немаат кујна.
Собите имаат Wi-Fi.
Објектот располага со приватен паркинг.
Check in: По 13:00/14:00 часот
Check out: До 11:00 часот
Кучот се подига од самиот ресторан на вилата.
Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици.
Сместувањето има простор за велосипеди и обележана патека до браната „Градче“.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Jagotka Joveska
27.01.2024 14:53
Dobar den Dali imate dve sobi so posebni kupatila za 03.02 do 05.02 Ve molam cena po moznost za dorucek i rucek Pozdrav, Jagotka
-
Emil Georgiev
15.08.2023 15:16
Hrana ,ambient prekrasno Usluga ,nedovolno personal
-
Батко Ти
12.03.2023 16:42
Убава градина. Средно-добра храна. Лошо сместување - сѐ се слуша. Прдење јок! 2/5
-
Marjan Blazeski
07.04.2022 15:27
Prekrasno mesto a kujnate e top.
-
Дејан Пандилов
18.04.2021 20:03
Дали е pet friendly ?