Вила на Влаина Планина на 1020 мнв
3,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Едно ноќевање 3.000 денари за две лица
- Едно ноќевање 4.400 денари за четири лица
- За деца од 6 до 12 години се плаќа 50% од цената, додека за децата до 5 години е бесплатно.
- Цената може да биде променлива во зависност од бројот на ноќевања и структурата на гостите
- Греење/Ладење
- ТВ
- Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Локација: 7 км од Делчево, на 1020 м надморска височина, на повеќе од 6 декари приватна површина опколена со доминантна букова шума.
Капацитет: Максимално 8 гости.
Собен распоред:
-
3 спални соби со брачни кревети
-
2 поединечни кревети
-
Дневна соба со камин
-
Мала кујна внатре
-
Летна кујна проширена и затворена со големи прозорци и дневен престој
-
Тоалет со туш внатре
-
Соларен туш надвор
Кревети: 3 двојни и 2 единечни, со удобни душеци и чиста постелнина.
Кујна и оброци:
-
Внатрешна кујна: фрижидер, садопер, работна маса, мало и големо плинско решо за појадок и лесни оброци.
-
Летна кујна: остава, садопер, шпорет на дрва, печењара, скара, трпезариска маса; пространа, светла соба со големи прозорци за уживање во природата на топло.
Комфор и услуги:
-
Вилата е мрежно поврзана за електрична енергија
-
Греење со огревно дрво и дополнителни електрични радијатори
-
Одлична интернет врска – идеална за “digital nomads”
-
Простор за остава на велосипеди
-
Приватен паркинг
-
Влез на домашни миленици со претходна најава
Природа и активности:
-
Мал рибник и природен базен (вир) за капење
-
Мала куќичка на дрво (тераса/отворена дневна) за уживање во шумата
-
Густа мешовита шума, бавчи, овоштарници, патеки за планински велосипедизам
-
Недалеку: викендици со ретки посетители – најверојатно ќе бидете единствени гости во регионот
Еднодневни излети:
-
Виница и Плачковица
-
Разловци
-
Археолошки локалитет Св. Петка во Пехчевско
-
Пехчевските водопади
-
Беровски Манастир и Беровско Езеро
-
Владимирово
Check-in / Check-out:
-
Check-in: од 14:00 до 19:00
-
Check-out: до 12:00 (по договор во зависност од околностите)
-
Клучот се подига од сопствениците
Постелнина и пешкири: се менуваат на 5 дена
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Kiril Enimitev
10.11.2025 16:39
Доколку сакате рустикаллно изолирано место за одмор, најтоплло ви ја препорачувам . Местото е прекрасно со огромен двор направен со многу љубов и труд. Самата вила е изградена од природни материјали, дрво и камен, додека Ѕидовите на горниот дел се направени од сламени бали на традиционален начин што придонесува за комлетно офгрид доживување. Вилата поседува се што ви е потребно за краток престој, вклучително и летна кујна, летниковци за седење надвор и уживање во природниот амбиент. Важно е да се напомене дека местото е надвор од мрежа, но поседува фотоволтаичен систем кој не сосема доволен за осветлување и полнење на мобилните телефони, додека за готвење се користи плинска боца. Имате офроад возење околу нешто помалку од 1км откако ќе се исклучите од главниот пат кој боди кон граничниот премин. Сопственикот беше доста љубезен и достапен за секакви прашања, а хигиената на високо ниво.
-
Џеват Абдулов
05.12.2024 23:46
Dali e slobodna vilata sabota (07.12.2024) edno nokevanje za dve lica
-
Ivana Karova
27.08.2023 22:21
Прекрасна природа ,вилата оригинална,уникатна,одлична. Чиста десетка,би дошле тука уште безброј пати
-
Anna
17.07.2023 16:49
Pocituvani, dali e vilata slobodna za 10-ina dena od 24.07?
-
Darko Gjoshev
17.04.2023 17:54
Zdravo, Sakam da kazam zbor-dva za ovaa rajska gradina. Mestotopolozbata e odlicna Vilata e prekrasna Domakinite..............nemam zborovi Vozduhot e prekrasen. Prirodata i pogledot-nezamenlivi. Sega bevme 4 dena,i sigurno pak ke se vratime.
-
Sanja Velinovska
26.07.2021 20:37
Zdravo, Dali Ima slobodno za prodolzeniov vikend, za 2-avgust I koja e cenata za 2 vozrasni I 2 deca(4 I 9god)?
-
Gordana Sofija
14.05.2021 10:06
Dali imate vila od 18 do 21 maj za dvajca i koja e cenata? Blagodaram