Пространа вила на Охридско езеро
6,300.00 ден
Вклучено во цена:
- За куќата со два апартмани, цената е 6.460 денари, додека за куќата и третиот апартман е 9.530 денари за едно ноќевање
- Греење/Ладење
- ТВ/Wi-Fi
- Паркинг
- Скара во двор
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вила во близина на хотел Сончева Порта
Локација
Вилата се наоѓа во непосредна близина на хотелот Сончева Порта, во мирна населба опкружена со приватни вили, лозови насади и бадемови дрвја.
Сместување
Објектот располага со три апартмани, секој со површина од 40 м², како и прекрасно уреден двор од 900 м². Дворот е хортикултурно уреден и нуди пријатен простор за одмор и дружење на отворено.
Распоред на апартманите
Секој апартман е целосно опремен и располага со:
- спална соба со брачен кревет
- дневна соба со софа на развлекување погодна за две лица
- сопствено купатило
Во дневниот престој има гарнитура за седење, телевизор, трпезариска маса и кујна. Спалната соба е опремена со гардеробер, а на располагање има и фен за коса. Купатилото содржи лавабо, туш и тоалет.
Кујна
Секој апартман има целосно опремена кујна за подготовка на оброци за време на престојот.
Интернет
Достапна е Wi-Fi конекција.
Паркинг и дополнителни содржини
Обезбеден е паркинг простор за до 4 возила. На располагање на гостите има и подвижна скара.
Капацитет
Максималниот капацитет на вилата е 12 лица.
Check-in / Check-out
Check-in: 14:00 часот
Check-out: 11:00 часот
Клучеви
Клучевите се подигаат од сопственикот во вилата.
Одржување
При престој подолг од 7 дена, постелнината и пешкирите се менуваат.
Дополнителни информации
Домашни миленици се дозволени.
Обезбеден е простор за остава на велосипеди.
ЛОКАЦИЈА