Хотел за домашни миленици во Скопје
800.00 ден
Вклучено во цена:
- Цените се истакнати во описот за едно ноќевање со или без храна
- Цените се истакнати во денари
- Цената може да варира во зависност од периодот и барањата
- 24 часовен надзор и грижа
- Ссместување и престој во безбедна, чиста и пријатна средина
- Редовно хранење според договорениот режим
- Свежа вода во текот на целиот ден
- Основна дневна хигиена на просторот
- Прошетки од 3 до 5 пати на ден
- Време за игра, движење и социјализација според карактерот на миленичето
- Основна нега и внимание
- Кратки информации/слики до сопственикот за време на престојот
- Давање основна терапија ако миленичето веќе има препишана терапија
- Капење по потреба, само ако миленичето се извалка кај нас за време на престојот
- Чешлање, доколку миленикот дозволува и не е стуткан премногу
- Песок за мачки
Не е вклучено во цена:
- Храна
- Транспорт до и од хотелот
- Пелени, подлоги и други потрошни материјали
- Ветеринарен преглед, лекови и итни медицински трошоци
- Продолжен престој над договорениот термин
- Штета направена од миленичето врз електронска опрема, мебел, врати или други предмети
- Хемиско чистење на теписи, тросед, двосед или кревет се наплаќа дополнително доколку миленичето се измочка/искака/поврати повеќе од еднаш за време на престојот
- Дополнителна индивидуална грижа над стандардната услуга
- Празнична доплата
Хотел за домашни миленици во Скопје можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл во текот на еден ден. Доколку има слободно ќе добиете со вкупна цена, по која можете да потврдите резервација. Практикувајте резервации по писмен пат, пред се за ваша сигурност и за сигурност на домаќините.
Локација
Хотелскиот пансион за домашни миленици Мое Муце се наоѓа во самиот центар на Скопје, спроти железничката станица, на лесно достапна локација.
За пансионот
Пансионот обезбедува безбедна грижа и сместување за различни видови домашни миленици, вклучувајќи:
- кучиња;
- мачиња;
- папагали и други птици;
- глодари;
- зајаци;
- желки;
- егзотични животни;
- други домашни миленици.
Достапни се услуги за дневен престој, ноќевање и долгорочно (месечно) сместување.
Концепт на сместување
Пансионот работи по уникатен концепт кој им овозможува на милениците да престојуваат во домашна и пријатна атмосфера.
- Милениците престојуваат во домот и го делат просторот со домаќините.
- Нема кафези, боксови или затворање во посебни простории.
- Просторот е простран, климатизиран и прилагоден за нивна удобност.
Индивидуална грижа
На секој миленик му се посветува индивидуално внимание, кое вклучува:
- хранење според неговите навики и потреби;
- прошетки според возраста и нивото на активност;
- основна медицинска грижа (давање терапија или витамини според инструкции од сопственикот или ветеринар);
- следење на здравствената состојба за време на престојот;
- одржување на хигиената, вклучувајќи расчешлување и чистење доколку е потребно;
- редовни известувања до сопствениците преку фотографии, видеа или пораки;
- многу љубов, внимание, игра и гушкање.
Безбедност
Безбедноста на милениците е највисок приоритет. Доколку постои ризик или некомпатибилност, милениците нема да бидат во меѓусебен контакт.
Храна и дополнителна опрема
Во зависност од избраниот пакет (дневен престој, ноќевање или месечно сместување), можете да изберете опција со или без вклучена храна.
Доколку изберете пакет без храна, потребно е да ја донесете храната за вашиот миленик.
Пансионот обезбедува сè што е потребно за престојот, но по желба можете да понесете:
- омилена играчка;
- сад за храна или вода;
- креветче или друго познато катче за дополнителен комфор.
Ценовник за ноќевање без храна (2026)
- Куче: 800 / 1.000 / 1.200 денари
- Маче: 500 денари
- Птица: 100 / 400 денари
- Хрчак: 150 денари
- Зајак: 300 денари
- Желка: 100 денари
- Останати миленици: по договор
Ценовник за ноќевање со храна (2026)
- Куче: 900 / 1.200 / 1.800 денари
- Маче: 600 денари
- Птица: 150 / 600 денари
- Хрчак: 200 денари
- Зајак: 350 денари
- Желка: 150 денари
- Останати миленици: по договор
Попусти
За месечно сместување се одобрува посебен попуст.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Elizabeta vasilevska
11.06.2025 09:35
Dajte mi telefon za kontakt