Хотел Етерно, Струмица: Македонија
Вклучено во цена:
- Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
- Цените варираат во зависност од барањата на групата
Не е вклучено во цена:
- Транспорт (може да се додаде во цената)
Хотел Етерно, Струмица: Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.
Хотел Етерно, со четири ѕвездички, е лоциран во Струмица, на само 2км од центарот на градот.
Хотелот има на располагање 16 модерно уредени соби и апартмани, распоредени во следниве категории:
– Standard соба (19 м²)
– Superior соба (28 м²)
– Deluxe соба (31 м²)
– Senior апартман (51 м²)
– Single соба (19 м²)
Сите соби располагаат со телевизор, безжичен интернет, директна телефонска линија, централен систем за ладење и греење, мини-бар и електронски сеф. Бањите се целосно опремени со фен, бањарки, папучи и козметичко огледало. Достапни се и собна услуга, лифт и приватен паркинг.
Хотелот има пространа сала со површина од 700 м², идеална за свадби, свечености и конференции, со капацитет до 500 гости при седење и до 800 гости во коктел аранжман.
На располагање е и тераса со фонтана, површина од 680 м², погодна за прослави на отворено, со капацитет од 450 гости при седење и до 800 гости во коктел формат.
Дополнително, има и помала сала за деловни состаноци или приватни свечености, со капацитет до 60 гости.
Гостите имаат можност за целосна релаксација на пространа сончева тераса или во уредена градина, да уживаат во специјалитетите на ресторанот во самиот објект, како и да останат активни во модерно опремен фитнес центар. За дополнителна удобност, на располагање се камин, софа-кревет и бесплатен приватен паркинг.
Хотел Етерно има бесплатен приватен паркинг.
Домашни миленици не се дозволени.
Рецепција која е достапна 24/7.
Check-in: 14:00-12:00
Check-out: до 12:00
ЛОКАЦИЈА