Хотел Амбасадор, Скопје: Македонија

Вклучено во цена:

  • Цената за цела група ја добивате откако ќе испратите барање
  • Цените варираат во зависност од барањата на групата

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт (може да се додаде во цената)

Хотел Амбасадор, Скопје: Македонија. Овој хотел може да се резервира исклучиво за групи од над 20 лица преку Кајак.мк. Доколку сте група, ве молиме да испратите барање со избрани датуми, а по неговото примање ќе ви понудиме групна понуда согласно вашите барања. Во барањето, наведете кој тип на соби ви се потребни. Ако хотелот нема доволен капацитет за вашето барање, ќе добиете одговор. За поединечни резервации, барањето ќе биде откажано.


Check In : 13:00
Check Out : 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Хотел Амбасадор се наоѓа во срцето на Скопје, на улица Пиринска 38, помеѓу Руската амбасада и Соборниот храм. Близината до главните државни институции и туристички атракции го прави идеален избор за деловни патници и туристи.

Хотелот располага со 40 модерно опремени и климатизирани соби, поделени во неколку категории: еднокреветна соба со еден единечен кревет, двокреветна соба со еден брачен или два единечни кревети, како и соби со балкон.

Сите соби се опремени со клима уред, минибар, телевизор со кабловски и сателитски канали, телефон, бесплатен Wi-Fi интернет, приватна бања со туш или када, фен и тоалетни производи, гардеробер и работна маса.

Во склоп на хотелот функционира ресторан кој нуди македонски и интернационални јадења. Гостите можат да изберат помеѓу полн пансион и полупансион, а достапни се и специјални менија за диети на барање.

Дополнително, хотелот нуди две конференциски сали со капацитет од 35 и 50 лица.

На барање се достапни и масажи.

Хотелот нуди можност за изнајмување велосипеди за разгледување на градот.

Гостите имаат на располагање бесплатен паркинг.

Достапен е и превоз до и од аеродромот со доплата.

Домашни миленици не се дозволени.

Пријава е од 13:00 часот, а одјава до 12:00 часот.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување