Вила на кеј: Охрид
2,500.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена по лице 1.500-2.600 денари за едно ноќевање
- Клима (во одредени нема)
- ТВ/Кабловска
- Интернет
- Сопствено купатило
- Тераса со поглед кон езеро (во одредени нема)
Не е вклучено во цена:
- Приватен паркинг
- Транспорт до објектот
- Храна
Резервирај вила на шеталиштето во Охрид. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вила – центар на град
Вилата се наоѓа во строгиот центар на градот, на кејот, веднаш по хотел „Палас“.
Сместување
Располага со 8 двокреветни соби и 2 апартмани за 4 лица.
Соби – предна страна
Четири соби се на предната страна од вилата и се комплетно опремени со клима уред, кабловска телевизија, сопствено купатило и безжичен интернет.
- 2 соби со брачен кревет
- 2 соби со два одвоени кревети
Соби – задна страна
Четири соби се на задната страна. Тие се помали, немаат балкон и затоа се поевтини. Сите се опремени со сопствено купатило, ТВ со кабловска и интернет. Немаат клима уред, но се во природна сенка и нема потреба од него.
- 2 соби со брачен кревет
- 2 соби со два одвоени кревети
Апартмани
Двата апартмани се за 4 лица и содржат спална соба со брачен кревет и дневен престој со два одвоени кревети. Целосно се опремени со клима, кабловска, сопствено купатило и балкон со поглед на езеро.
Важно
Во собите и апартманите нема кујни.
Пријавување и одјавување
Пријавување: 15:00 – 22:00 часот
Одјавување: до 10:00 часот
При пријавување гостите добиваат клуч од собата и од влезната врата. Објектот е отворен од 08:00 до 22:00 часот.
Постелнина и пешкири
Постелнината се менува на секои 3 дена, а пешкирите на секои 2 дена.
Паркинг
Пред вилата има градски паркинг. Гостите сами го плаќаат, по цена од 400 денари за 24 часа.
ЛОКАЦИЈА