Вила на Пелистер, идеална за бегство во природа
6,000.00 ден
Вклучено во цена:
- Цена за наем на вилата од ноќ од 6.000 денари
- Цената е генерирана и варира
- Греење/Ладење
- Паркинг
- Wi-Fi
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до вилата
- Храна
Идеално сместување за секој кој сака да избега од секојдневната животна рутина и кој сака целосно да ужива, да се релаксира и да вдишува свеж воздух за време на викенд, па дури и делничен ден. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Вилата е идеално место за сите кои сакаат да избегаат од секојдневната динамика и да уживаат во мир, релаксација и свеж планински воздух. Без разлика дали планирате викенд-одмор или престој во текот на работната недела, тука ќе пронајдете удобност и спокој.
Сместувањето е погодно за семејства, групи пријатели, парови со деца, како и за индивидуални гости кои бараат одмор во природа.
Сместување
Вилата располага со:
- 4 спални соби
- Пространа дневна соба
- Целосно опремена кујна
- Трпезарија
- 1 комплетно купатило
- 1 засебен тоалет
- Две дополнителни простории со прекрасен панорамски поглед
Содржини и погодности
- Целосно опремена кујна со сè што е потребно за подготовка на оброци
- Бесплатен Wi-Fi
- Телевизор
- Централно греење
- Вграден камин
- Приватен паркинг
- Прекрасен поглед кон Баба Планина
Појадок
По претходно барање, домаќините можат да подготват традиционален домашен појадок.
Прослави и настани
Вилата е одличен избор за организирање мали приватни прослави, како што се родендени, свршувачки и други интимни настани. Мирната атмосфера, природното опкружување и уникатниот амбиент создаваат идеални услови за незаборавни моменти.
ЛОКАЦИЈА
Коментари
-
Паскал Секулов
01.05.2022 14:30
Прекрасна и уникатна вила, топло препорачувам.
-
Robert Stojanoski
12.12.2021 20:48
Dobra vecer Dali vilata e slobodna za novogodisnite praznici za 6 osobi (3 bracni parovi)I kolku e cenata ve molam