Вила со базен на Тиквешко Езеро

Kavadarci
Цена од:

8,000.00 ден

Вила со базен на Тиквешко езеро има капацитет за престој за 7 лица. Доколку сакате да ја резервирате испратете барање со селектирање на терминот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервациии по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 7
Кревети : 4
Check In : 13:00
Check Out : 10:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Базен
Чист Воздух

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на цела вила за до 7 лица
  • Вилата не се издава одделно и по апартмани, може да ја резервирате само како цел објект
  • Греење/Ладење
  • TV/Wi-Fi
  • Паркинг
  • Сезонски летен базен

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата се наоѓа на Тиквешко Езеро во викенд населбата Брушани.

Вилата располага со две соби, едната опремена со брачен кревет, другата со брачен кревет и еден единeчен. Во дневниот простор креветот е на расклопување, каде можат да се сместат две лица. Поради приватност на ентериерот, домаќините не преферираат да споделуваат фотографии од внатрешноста.

Собите располагаат со брачни кревети, плакар, телевизор. Во секоја од собите има комарници. Вилата располага со клима уред

Вилата има целосно опремена кујна. Достапен апарат за кафе, прибор за јадење, тави, фрижидер итн. Гостите имаат на располагање електрична скара и скара на ќумур за користење во надворешниот дел.

Вилата има функционална wi-fi мрежа

Вилата има приватен паркинг

Максимален капацитет на сместување 7 лица

Вилата се наоѓа во околина каде има други туристички вили.

Во дворниот простор покрај базентот, достапни се две лежалки, столици и лулашка за дневно уживање.

Местото каде што се наоѓа вилата е мирно, тивко и интимно, околу е природа со поглед кон езерото.

Check in: Гостите можат да се сместат во 13:00, но домаќините можат да излезат во пресрет согласно барањата на гостите доколку вилата е слободна.

Check out: До 10:00 часот, но домаќините можат да излезат во пресрет согласно барањата на гостите доколку вилата е слободна.

Клучот се подигнува од домаќините, во договор со гостите

Доколку гостите останат подолго време, постелнината и пешкирите се менуваат на секои 4 дена.
Вилата се издава во целост, не е поделена на апартмани/студија. Цената варира во зависност од бројот на гости,периодот и должината на престојот.

На 9 km од вилата се наоѓа градот Кавадарци, кој изобилува со добри ресторани, винарии, музеи, градскиот парк со спомен костурницата.

Сместувањето не дозволува влез на домашни миленици, а има простор за остава на велосипеди.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Vesna Vuleta

    14.05.2024 15:28

    Sakame da ja rezervirame cela vila na 1 mesec moze li da ni ostavete broj telefonski da se slusneme?