СУПЕР ДОМАЌИН

Вила на Матка: Магичен допир со природата

Skopje
Цена од:

2,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Студио за 2 лица- горен спрат за едно ноќевање - 2.500 денари
  • Во цената за студиотот е вклучен заден дел од терасата, , голема скара, летна кујна со шпоретче за готвење, садови за една употреба и надворешен тоалет
  • Студијата имаат панелки на струја за загревање. Студените денови воопшто не ја нарушуваат убавината на природата. Напротив престојот може да биде романтичен.
  • Се издава за најмалку 4 лица по цена од 4.000 денари за едно ноќевање
  • За секоја дополнителен гостин се плаќа плус 500 денари
  • Wi-Fi/TV
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до објектот
  • Храна

Обејктот е ново градба од 2022-ра година. За резервација потребно е да испратите барање со пополнување на формуларот. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 3
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi

Вилата е новоградба од 2021 година, сместена на атрактивна локација со прекрасен поглед кон реката Треска и Кањонот Матка. На гостите им се издава исклучиво спратот од вилата, кој нуди удобност, приватност и мирна атмосфера во природно опкружување.

Важно: Приземниот дел од вилата не се издава.

Сместување

Спратот располага со три независни студија, прилагодени за удобен престој на парови, семејства и помали групи.

Секое студио располага со:

• Сопствено купатило
• Брачен кревет (160 x 200 см)
• Фрижидер
• Тераса со поглед кон реката Треска и Кањонот Матка

Максимален капацитет: 6 лица

Број на кревети: 3 брачни кревети

Двор и надворешен простор

На гостите им е достапен целиот двор, кој е поделен на два дела и претставува идеален простор за дружење и престој на отворено.

Заден двор

Задниот дел од дворот нуди уникатен поглед кон реката и кањонот и располага со:

• Простор за до 10 лица
• Голема скара за печење
• Летна кујна со шпорет
• Лавабо
• Сталажа за садови
• Комплетен прибор за јадење
• Надворешен тоалет

Преден двор

Предниот дел од дворот располага со простор за престој на 10 до 15 лица и е погоден за одмор, дружење и организирање заеднички активности.

Вкупен капацитет на дворот

Целиот надворешен простор може удобно да прими од 20 до 25 лица, што ја прави вилата одличен избор за поголеми семејства и групи пријатели.

Паркинг

Во рамките на имотот има приватен паркинг за 4 возила, а веднаш до вилата има дополнителен безбеден простор за уште 4 до 5 возила.

Локација

Веднаш до вилата се наоѓа автобуска постојка на линијата број 60, која овозможува директна врска со центарот на Скопје за околу 40 минути.

Во непосредна близина се наоѓаат:

• Кам маркет
• Зелен пазар
• Бензинска станица
• Амбуланта
• Ветеринарна станица
• Ресторани и кафе-барови

Што да посетите во околината?

Кањонот Матка е една од најпознатите природни атракции во Македонија и нуди бројни можности за активен одмор и рекреација.

Во близина се наоѓаат:

• Пештера Врело
• Пештера Убава
• Пештера Кристална
• Подводната пештера Подврело
• Спелеолошки парк
• Манастири и цркви со значајно културно наследство
• Пешачки патеки покрај реката Треска
• Можности за кајакарење и пловење со чамец

Поради големиот број ранохристијански цркви и манастири, Матка често е нарекувана „Мала Света Гора“.

Зошто да ја изберете оваа вила?

• Одлична локација во близина на Кањонот Матка
• Три независни студија со приватни купатила
• Простран двор со поглед кон реката Треска
• Голема скара и летна кујна за заедничко користење
• Приватен паркинг
• Мирна природна средина, идеална за одмор и релаксација

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Aleksandar

    19.12.2024 19:39

    Ubava ponuda 😉

  • Arta Halimi

    04.12.2024 18:11

    br na tel za rezervacija?

  • Николина Ангеловска

    30.11.2024 23:06

    Делува прекрасно, имам една мала забелешка, многу би било убаво да ставите печка со дрва, прекрасно за зимските денови <3

  • Цветанка Витанова

    20.09.2024 20:49

    Здраво, ако може да резервирам за 2 вечери 3 и 4 октомври. Се работи за две лица.

  • Jovana mladenovikj

    19.07.2024 19:35

    Sakam rezervacija

  • Александра Путевски

    27.06.2024 12:06

    Zainteresirani za nokjevanje za dvajca vozrasni so bebe za 29.06 edna vecer

  • Даниела Џамбазовска

    07.01.2023 12:24

    Искрено, прекрасно место за опуштање и забава во природа! Место за создавање прекрасни спомени на реката Треска!