СУПЕР ДОМАЌИН

Хотел Театар: Битола

Bitola
Цена од:

4,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цените зависат од тоа колку лица ја изнајмуваат собата.
  • Ноќевање во двокреветна соба без појадок е 50евра/3.100ден
  • Ноќевање во двокреветна соба со појадок е 65евра/4.000ден
  • За подетални информации побарајте понуда од хотелот

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Ручек/Вечера

Хотелот се наоѓа на улица. Стив Наумов 35, Битола. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 43
Кревети : 43
Check In : 14:00
Check Out : 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Несекојдневно
Гастрономско
Pet Friendly

Сместување

Хотел Театар располага со 10 соби:

  • 7 twin/double соби
  • 2 двокреветни соби со брачен кревет
  • 1 трикреветна соба

Вкупниот капацитет на хотелот е 18–21 легло.

Театар Апартманите располагаат со 5 соби:

  • 1 соба со брачен кревет
  • 4 двокреветни соби

Вкупен капацитет: 12 легла.

Хостелот „Староградска Куќа“ располага со капацитет за 6 лица со одвоени кревети.

Вкупниот максимален капацитет на целиот објект е 43 легла.

Опременост

Сите соби се опремени со:

  • Централно греење и ладење
  • Приватна бања
  • LED TV
  • Телефон
  • Минибар
  • Фен и други удобности

Една соба во Хотел Театар, два апартмани и Староградската Куќа располагаат со целосно опремени кујни.

Во сите простории на хотелот е достапен бесплатен Wi-Fi интернет.

Хотелот располага со сопствен бесплатен затворен паркинг во приватна парцела, која се наоѓа на 75 метри од хотелот.

Локација

Хотел Театар се наоѓа на само 5 минути пешачење од центарот на градот, Широк Сокак и Градскиот Парк.

Од Битола гостите можат лесно да организираат дневни посети до:

  • Охрид (70 км)
  • Национален парк Пелистер (14 км)
  • Хераклеа Линкестис (археолошки локалитет од 4 век п.н.е.)

Гостите можат да уживаат и во старата градска архитектура, Битолската чаршија и традиционалното кафе на Широк Сокак.

Сместувањето се наоѓа во централна градска област, во мирна улица со пријатно соседство и семејни куќи.

Пријавување и одјавување

  • Check-in: од 14:00 до 15:00 часот
  • Check-out: до 12:00 часот

Клучот се подига на рецепција.

Постелнината и крпите се менуваат секој ден. За гости со подолг престој, хотелот се консултира за нивните индивидуални потреби.

Домашни миленици се дозволени.

Обезбеден е простор за оставање велосипеди.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување