Вила со простран зелен двор и прекрасна природа
2,800.00 ден
Вклучено во цена:
- Цените за престој се движат од околу 2.800 до 4.000 денари по ноќ
- Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
- Цена за наем на викендицата за 4 лица од ноќ
- Греење/Ладење
- TV/Wi-Fi
- Паркинг
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Викендица за изнајмување со 1500м2 зелен двор. Можете да резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Потоа можете да потврдите. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Викендица во околината на Велгошти, Охрид
Локација
Викендицата се наоѓа во мирна околина во близина на селото Велгошти, на само 3 километри од центарот на Охрид и 1 километар од најблиската автобуска постојка.
Сместувачки капацитет
Објектот располага со две простории:
- Спална соба со брачен кревет за 2 лица
- Дневна соба со кревет на развлекување за дополнителни 2 лица
Максималниот капацитет на сместувањето е 4 гости.
Опременост
Гостите имаат на располагање:
- Бесплатен Wi-Fi интернет
- Приватен паркинг
- Голем тревен двор со површина од 1.500 м²
Кујна
Вилата располага со целосно опремена кујна која вклучува:
- Фрижидер
- Електричен шпорет
- Микробранова печка
- Аспиратор
Пријавување и одјавување
- Check-in: од 11:00 часот
- Check-out: до 10:00 часот
Клучот од објектот се подига директно од сопственикот.
Дополнителни информации
- Постелнината и пешкирите се менуваат еднаш неделно.
- Во непосредна близина се наоѓаат планински предели и повеќе видиковци со прекрасен поглед кон Охрид и Охридското Езеро.
- Домашни миленици не се дозволени.
- Обезбеден е простор за оставање велосипеди.
ЛОКАЦИЈА