СУПЕР ДОМАЌИН

Хотел Капри: Битола

Bitola
Цена од:

3,707.00 ден

Вклучено во цена:

  • Минимална цена за едно ноќевање за 2 лица од 3.707 денари
  • Цените се изразени во описот и варираат во зависност од периодот
  • Појадок
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi
  • Паркинг

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето

Хотел во Битола. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 34
Кревети : 34
Check In : 13:00
Check Out : 12:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Гастрономско

Хотел и ресторан КАПРИ *** – Битола

Локација
Хотел и ресторан КАПРИ *** е категоризиран со 3 ѕвезди и се наоѓа во мирен и пријатен дел на периферијата на град Битола, помеѓу патот кој води кон Охрид и патот кон Пелистер.

Локацијата овозможува лесен пристап, а истовремено гарантира мир и одмор, далеку од градската бучава. Опкружен е со природа и нуди пријатна атмосфера за одмор и релаксација.

Сместувачки капацитет
Хотелот располага со вкупно 20 сместувачки единици:

  • 12 двокреветни соби со одвоени кревети
  • 1 двокреветна соба со брачен кревет
  • 1 двокреветна соба со одвоени кревети + дополнителен кревет (можност за брачен кревет)
  • 1 соба со брачен кревет + еден единечен кревет
  • 2 студија со 3 одвоени кревети + дополнителен кревет (за 2 лица)
  • 3 студија со брачен кревет + дополнителен кревет (за 2 лица)

Опременост на собите
Сите соби се опремени со ТВ, Wi-Fi интернет, биро со столица или табуретка, наткасни, шкафче со полици, фен за коса, мини фрижидер и телефон.

Студијата дополнително располагаат со кауч или гарнитура, мали масички за дневна употреба и фотељи во дел од сместувачките единици.

Купатилата се опремени со основни хигиенски средства (гел за туширање, течен сапун, чепкалки за уши) и пешкири за лице и тело.

Сервис и удобности
Бесплатен Wi-Fi во целиот објект.
Приватен паркинг за до 80 возила (бесплатно).

Капацитет
Максимален сместувачки капацитет: 45 лица.
Банкет сала: до 300 гости.
Ресторан со два дела: 60 и 40 гости.

Позиција и оддалеченост
Хотелот се наоѓа во подножјето на планината Баба и има одлична поврзаност со важни локации:
5 км до ски центар Ниже Поле
9 км до Пелистер
3 км до центарот на Битола, Саат кулата и старата чаршија
3 км до градското шеталиште
4 км до Хераклеа

Околина
Локацијата е тивка и надвор од градскиот метеж. Од собите се пружа поглед кон Пелистер или кон градот и околните ридови.

Во близина се наоѓаат голем маркет, бензинска пумпа, салони за мебел, салон за автомобили, меѓународна осигурителна компанија и црквата Св. Архангел Гаврил.

Check-in / Check-out
Пријавување: по 13:00 часот
Одјавување: најдоцна до 12:00 часот

Одржување на соби
Собите се чистат секојдневно со отстранување на отпад и промена на пешкири по потреба. Постелнината се менува на секои 3 ноќевања.

Домашни миленици
Домашни миленици се дозволени по претходен договор за термин, доколку сопствениците обезбедат соодветно легло за миленикот.

Дополнителни содржини
Простор за велосипеди на службениот влез од хотелот

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Наташа Попова

    19.08.2022 00:12

    Почитувани, дали има слободна двокреветна соба за 20,21 и 22 август? Поздрав, Наташа

  • Zoran Djukić - Beograd

    28.04.2022 14:54

    Poštovani, Interesuje me cena po osobi za vaš hotel. Za 9 osoba ukupno. Period 22/23.07 i 23/24.07.2022 god. I kažite mi gde se hotel nalazi, pošto nisam mogao da vidim. Unapred zahvalan Zoran Djukić - Beograd