СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Луксузен апартман со џакузи во Скопје

Skopje
Цена од:

8,000.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за наем на апартман од ноќ од 8.000 денари
  • Цената се намалува доколку гостите останат повеќе од едно ноќевање
  • Греење/Ладење
  • ТВ/Wi-Fi, Netflix, PS4
  • Сауна/Џакузи
  • Смарт технологија

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна
  • Паркинг

Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 2
Кревети : 2
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Wi-Fi
СПА
Несекојдневно

Тип и капацитет
Сместувањето располага со два модерни апартмани, секој со по еден брачен кревет и софа. Препорачано е за престој на две лица по апартман.

Wellness и релаксација
Секој апартман има приватно џакузи со моќни масажни мотори и сауна со дигитални контроли на допир. Просторот е дополнет со проектор, платно и сараунд аудио систем за целосно кино-искуство.

Едниот апартман нуди туш со масажна функција, додека другиот има туш со ефект на водопад.

Смарт технологија
Сместувањето е целосно автоматизирано со смарт систем за осветлување и self check-in / check-out, што овозможува лесно и флексибилно пријавување и одјавување.

Забава и удобност
Апартманите располагаат со PS4 конзола, квалитетни душеци и сатенска постелнина за максимален комфор.

Кујна
Кујните се целосно опремени со микробранова, рерна, фрижидер, плотна, кафемат, бокал за топла вода и машина за садови.

Интернет
Достапна е Wi-Fi конекција.

Паркинг
Нема приватен паркинг, паркирањето е со најава.

Локација
Апартманите се наоѓаат веднаш спроти Владата, на одлична и централна локација.

Check-in / Check-out
Check-in: по 13:00 часот (флексибилно во текот на денот)
Check-out: до 11:00 часот
Доцно одјавување е можно по договор, зависно од достапноста.

Дополнително
Постелнината и пешкирите се менуваат при подолг престој.
Домашни миленици се дозволени, во зависност од големината.

Дополнителни услуги
Домаќините можат да организираат приватен превоз и локален водич по барање.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Ивана Трајчевска

    27.12.2024 14:55

    a

  • Ivana Arsenijević

    22.06.2022 14:29

    Da li je apartman slobodan 28.jul, jedno noćenje? Da li može četvoročlana porodica, deca 3 i 9 god? Hvala.