СУПЕР ДОМАЌИН
СЕ ИЗНАЈМУВА ЦЕЛО СМЕСТУВАЊЕ

Уникатна вила во Маврови Анови за 6 лица

Mavrovo
Цена од:

9,500.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цената се движи во просек од 9.225 – 35.055 денари за наем на цела вила од ноќевање
  • Цената варира во зависност од периодот и бројот на ноќевања
  • Греење
  • TV/Wi-Fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт до сместувањето
  • Храна

Вилата во Маврови Анови можете да ја резервирате со испраќање на барање за резервации, по испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со вкупна цена. Доколку ви одговара ќе можете да извршите резервација. Резервациите преку мејл се најбезбедни.


Макс. Капацитет : 6
Кревети : 4
Check In : 15:00
Check Out : 14:00
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух

Локација

Вилата се наоѓа во Маврови Анови, во близина на ресторани, продавници и патеки за пешачење. Сместена е во мирна населба во која претежно живеат локални жители. Пристапниот пат води директно до вилата и се одржува секојдневно.

Сместување и капацитет

Вилата има три спални соби и може да прими најмногу шест гости. Две соби имаат брачни кревети со димензии 2,2 × 2,2 м, а третата има два единечни кревета.

Постелнината е обезбедена во собите. При престој од повеќе ноќевања, гостите може самостојно да ја сменат доколку имаат потреба.

Опременост

Вилата има целосно опремена кујна и Wi-Fi. Гостите треба да имаат искуство со палење камин на дрва. Има и простор за оставање велосипеди. Домашни миленици не се дозволени.

Паркинг

Вилата нема приватен паркинг, но може да се паркира веднаш до неа.

Активности и околина

Ски-центарот Маврово е оддалечен околу 10 минути со автомобил. Во околината има прекрасни предели за планинарење, можности за риболов, прошетки низ природа и други активности.

Пријавување и одјавување

Пријавувањето е флексибилно, со претходен договор и најава. Одјавувањето е до 14:00 часот. Клучот се подига од самото сместување.

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Александар Шоповски

    06.07.2024 14:16

    Здраво, Дали е слободна куќата од јули 20- јули 24, за окулу максимум 6 лугје

  • Ivana

    27.02.2024 13:39

    Kontakt?

  • Sarita Demir

    06.02.2024 13:34

    Ve molam za rezervcija i brojce dokolku ne e problem

Разгледајте повеќе сместувања