СУПЕР ДОМАЌИН

Хотел Калин: Лазарополе

Mavrovo
Цена од:

3,800.00 ден

Вклучено во цена:

  • Цена за двокреветна соба со појадок од 3.800 денари
  • Греење/Ладење
  • Паркинг
  • Wi-fi

Не е вклучено во цена:

  • Транспорт

Хотелот Калин: Лазарополе, можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.


Макс. Капацитет : 32
Кревети : 32
Check In : 13:00
Check Out : 11:00
Климатизирано
Паркинг
Wi-Fi
Чист Воздух
Гастрономско

Локација

Хотел „Калин“ се наоѓа во Лазарополе, на надморска височина од 1.350 метри.

Опкружен е со прекрасен планински предел со карпести ридови, букова и дабова шума. Во непосредната околина се наоѓаат традиционални двокатни и трокатни куќи изградени од камен, кои ја надополнуваат автентичната атмосфера на мијачкиот крај.

За хотелот

Хотел „Калин“ претставува спој на традиционалното мијачко градителство и современите архитектонски решенија, создавајќи топол, удобен и уникатен амбиент за престој.

Хотелот располага со 16 уредени соби, прилагодени за пријатен престој. Секоја соба располага со:

  • Приватно купатило
  • Телефон
  • Сателитска телевизија
  • Дополнителни погодности за удобност на гостите

Ресторан

Ексклузивниот ресторан на хотелот нуди пријатен и релаксирачки амбиент со богат избор на квалитетна храна, локални и интернационални јадења, како и специјалитети од дивеч.

Внимателно селектираната винска листа е совршено надополнување на понудените јадења.

Во ресторанот има камин кој создава топла и пријатна атмосфера за време на оброците.

Активности и околина

Хотелот е опкружен со густи букови и дабови шуми, идеални за пешачење и уживање во природата.

Љубителите на велосипедизмот можат да уживаат во прекрасните патеки и пејзажи кои ги нуди околината на Лазарополе.

Пријавување и одјавување

Check-in: По 13:30 часот

Check-out: До 11:30 часот

ЛОКАЦИЈА

*Точната локација ќе ја добиете откако ќе извршите резервација. Локалцијата ви ја праќаме откако ќе потврдите резервација бидејќи се соочуваме да пристигнуваат многу гости во сместувањето кои немаат резервирано, а тоа го нарушува мирот на гостите кои се во моментот во сместувањето.

Остави Рецензија

Доколку го имате посетено ова сместување

Коментари

  • Stefanova snezana

    05.08.2021 10:59

    Ve molam,baram soba za 2 vozrasni lica I 1 dete od 8 god,za period o 5 - 7 Dena od 6-13 avgust.Pozz.blagodaram.