Викендица на Круша
2,150.00 ден
Вклучено во цена:
- 2 лица: 2.150 денари
- 4 лица: 3.075 денари
- 6–9 лица: 6.150 денари
- Поради одалеченоста и потребата за подготовка, вилата се изнајмува на минимум 3 ноќи
Не е вклучено во цена:
- Транспорт до сместувањето
- Храна
Викендицата се наоѓа на излетничкото место Круша, на Кожуф планина. До викендицата може да се пристигне по планински пат со теренско џип возило, крос мотор и планинарејќи. Сместувањето можете да го резервирате со испраќање на барање за резервација. По испратеното барање ќе добиете одговор на мејл со цена. Практикувајте резервации по мејл, така е најбезбедно за вас и за домаќините.
Капацитет:
Викендицата има максимален капацитет за 9 лица и е идеална за гости кои сакаат мирен одмор и престој во природа.
Сместување и опременост:
• Целосно опремени спални соби
• Дневен престој со кујна
• Целосно ново и опремено купатило со туш кабина
• Парно греење во купатилото
• Топла вода
• Електрична енергија обезбедена преку соларни панели
• Нема Wi-Fi – идеална можност за дигитален детокс и уживање во природата
Надворешен простор:
• Приватен паркинг
• Простран двор за одмор и уживање
Пријавување и одјавување:
• Check-in: флексибилно, во договор со домаќините
• Check-out: флексибилно, во договор со домаќините
Минимален престој:
Викендицата се изнајмува за минимум 3 ноќевања.
При пристигнувањето, гостите се пречекуваат лично од домаќините, кои ги запознаваат со викендицата и им објаснуваат како функционираат системите за топла вода и електрична енергија, обезбедени преку соларни панели.
Викендицата е наменета за гости кои сакаат да се одморат, исклучат од секојдневието и уживаат во мирот и природата, а минималниот престој од 3 ноќевања овозможува вистинско искуство на одмор.
ЛОКАЦИЈА