18.09.2026
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Во Кајак.мк отсекогаш сме верувале дека најубавите искуства не се само места што треба да ги посетите, туку и луѓе што вреди да ги запознаете. Луѓе со приказни, страст и занает што го граделе со години. Токму затоа, отсега во нашето семејство на автентични искуства додаваме уште една активност која можете да ја резервирате преку Кајак.мк – практична работилница за подготовка на вистинска наполитанска пица со Виктор, или како што ние милуваме да го наречеме – Маестро за наполитанска пица.
А приказната на Виктор не започнува со сон дека еден ден ќе стане пица мајстор. Напротив. Како готвач по професија, пред повеќе од десет години воопшто не се замислувал себеси во светот на пицата. Сè додека во еден ресторан не дошол првиот вистински допир со тестото.
| Доколку сакате да резервирате работилница со Виктор или можеби негова подготовка на пица на ваш настан, кликнете ОВДЕ. |

„Претходно, како готвач по струка, не можев ни да замислам
дека ќе правам пица. Но, кога првпат почнав да работам со вистинско тесто,
сфатив дека тоа е тоа. Што би се рекло – љубов на прв поглед и прв допир“,
раскажува Виктор.
Од тој момент започнува приказна која трае повеќе од една
деценија. Ден по ден, тесто по тесто, пица по пица. Виктор учел,
експериментирал, грешел, повторувал и го усовршувал процесот сè додека не
стигнал до сопствен рецепт за наполитанско тесто со кој работи денес.
А кога ќе го прашате која е тајната на добрата пица, нема да
ви каже дека постои една магична состојка.
„Сè започнува од тестото. Потоа доаѓаат свежите состојки, а на крај печката си ја завршува работата. Користиме квалитетно италијанско брашно, а тестото ферментира минимум 48 часа. Токму тоа му ја дава воздушестата и мека внатрешност, крцкавата кора, меурчињата и оној препознатлив тигрест изглед.“

А потоа следува огнот.
Температура над 400 степени и само околу 60 секунди печење.
Толку е потребно една внимателно подготвена топка тесто да се претвори во
вистинска наполитанска пица.
Но, овојпат не сакаме само Виктор да ви ја подготви пицата.
Сакаме вие да ги извалкате рацете со брашно.
Новото искуство кое можете да го резервирате преку Кајак.мк
е практична гастрономска работилница во која Виктор ќе ве внесе во неговиот
свет. Ќе научите како се работи со тестото, како се подготвува сосот, како се
избираат и комбинираат состојките и, секако, како правилно се обликува пицата.
Секој учесник добива можност сам да ја подготви својата
пица, да ја обликува, да ги избере состојките и да ја испече во професионална
пица печка. А најдобриот дел од часот доаѓа на крај – кога нема оценки и
тестови, туку дегустација на она што самите сте го подготвиле.
Ако му препуштите на Маестрото да избере нешто од својот
свет, Виктор ја издвојува Vicecity Bianca – пица со необичен спој на вкусови
која ја смета за еден од препознатливите избори од неговото мени.
Но ние од Кајак.мк моравме да му поставиме уште едно
прашање: Каква пица би направил ако Италија ја споиме со Македонија?
Одговорот стигна брзо.
„Би направил пица со ајвар, маслинки и овчо сирење. Тоа би
бил мојот македонски спој со наполитанската пица.“
И искрено, после ваков одговор, сметаме дека оваа пица мора еден ден да се најде во печката.

Работилницата со Виктор е наменета за сите љубопитни гурмани – поединци, парови, семејства и друштва, но може да се организира и како приватно гастрономско искуство или како поинаква тим-билдинг активност за компании.
Во искуството се вклучени професионално водство од пица
мајстор, работа со тесто, подготовка на сос, избор и комбинирање состојки,
подготовка и обликување сопствена пица, печење во професионална печка, сите
потребни состојки и материјали и, секако – дегустација.
За нас во Кајак.мк ова не е само уште една работилница.
Ова е можност да запознаете човек кој пред повеќе од десет
години случајно ги ставил рацете на едно тесто и сфатил дека токму таму сака да
остане. Денес, своето знаење, рецепт и искуство сака да ги сподели со луѓето
кои се подготвени да научат нешто ново.
Запознајте го Виктор. Извалкајте ги рацете со брашно.
Направете ја својата прва наполитанска пица. И, најважно од сè – изедете ја
додека е топла.
Новото гастрономско искуство со нашиот Маестро за наполитанска пица отсега е достапно за резервација преку Кајак.мк.
Доколку сакате да резервирате работилница со Виктор или можеби негова подготовка на пица на ваш настан, кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица
Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата
Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.