17.09.2026
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Кој вели дека економистите не се креативни и посветени на уметноста? Ние од Кајак.мк го велиме токму спротивното, а како аргумент ги приложуваме овие прекрасни фотографии од последното тим билдинг дружење што го организиравме за вработените од секторот финансии на познатата и омилена дрогерија „dm“. Тим кој покажа дека бројките и креативноста одлично одат заедно!

Токму овој тим беше дел од нашата прва работилница за создавање магични мозаици од стар рециклиран текстил. Опкружени со прекрасната беровска борова шума, топлото септемвриско сонце, добра музика и уште подобра енергија, учесниците создадоа свои уникатни мозаици и ни докажаа дека за креативност е потребна само добра атмосфера и малку инспирација.


Но, ова беше само јаготката на шлагот од целокупното тим билдинг патување. Заедно го реализиравме и нашето последно CINEMA SUMMER OPEN AIR NIGHT за оваа сезона – филм под отворено небо, во свежата беровска вечер. Не дека се збогуваме со киното, напротив! Само што со доаѓањето на постудените денови, филмските вечери ги селиме во топли и загреани простории. А покрај киното и спа уживањето, тимот имаше можност да ја доживее Беровштината и од седло, со прекрасна тура со јавање коњи низ планината Обозна и пределите на Малешевијата.

Ваквите тим билдинг патувања за нас имаат многу поголемо
значење од само дружење. Кога компанија како „dm“ избира локални искуства,
локални домаќини, активности и дестинации во Македонија, таа директно ја
поддржува локалната туристичка економија. А истовремено докажуваме дека за
прекрасни тимски спомени не мора секогаш да патуваме далеку – Македонија има
природа, луѓе и искуства кои вреди да ги доживееме.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.