28.10.2026
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
Тимот на Кајак.мк
продолжува со потрагата по приказните на вистинските локални херои кои прават
мали нешта од огромно знечење во развојот на локалниот туризам. Денеска ве
водиме во едно прекрасно селце, со име Шлегово, сместено во околината на
Кратово.
Во село Шлегово, нам не дочека Маргарета, која по осум години во Норвешка се вратила кон животот на село и творењето. Таа изработува кукли, ирваси, гномови, чанти и украсни предмети.

Додека живеела во Норвешка, во мислите имала неколку различни животи. Сакала да слика и да изработува кукли и украси. Сакала да живее на село, да чува животни и да одгледува сопствена градина. Ја привлекувала и помислата да живее покрај море, на дива плажа, каде што би можела да плива со часови.
„Тешко ми е кога треба сама да се опишам“, вели Маргарета.
Но, нејзиниот пат лесно се препознава во желбите што со години ги носела во
себе.
Така, осум години во неа се собирале различни желби и идеи.
Од нив постепено се родила и желбата за ракотворење.
„Сакам луѓе, многу ги сакам, но претпочитам да бидам сама. Сакам да се облекувам необично, а да бидам незабележлива. И тоа — во исто време“, раскажува таа.

Природата, како и уредените домови и дворови во Норвешка, ја инспирирале со скандинавската естетика. Таму започнала да создава предмети што ги спојуваат нејзината љубов кон рачната изработка и интересот за повторна употреба на материјалите.

Маргарета најчесто користи рециклирани материјали за
да изработува уникатни кукли, ирваси и гномови. Нејзиното творештво опфаќа и
кожни чанти, украсни перничиња и торби за славски погачи и панаѓии. Со декупаж
техника украсува шишиња и теглички, претворајќи ги секојдневните предмети во
декоративни ракотворби.
„Да се живее на село е посебна магија. Не гледаш на часовникот — стануваш и легнуваш кога ќе посакаш“, вели таа.

Шлегово ѝ нуди мир и инспирација. Таа го опишува како
живописно место, а чистиот воздух и плодната земја ги гледа и како можност за
одгледување еколошка храна и изработка на производи за сопствените потреби и за
продажба.
Во нејзиното творење важна е поддршката од децата, сопатникот и семејството, како и од колегите уметници од нејзиниот крај.

За Маргарета, најголемото задоволство е кога замисленото ќе стане готов предмет што може да го земе во раце.
„Најголем успех ми е кога ќе ја земам во раце креацијата што
ми била во главата.“
На младите им порачува да ја користат природата секогаш кога можат, да се стремат кон своите соништа и, пред сè, да бидат добри луѓе.

Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.
Македонски ајвар – традиција, домашна храна и есенски вкусови
Откријте ја приказната за македонскиот ајвар, традиционалното подготвување на зимница, семејните обичаи и автентичните гастрономски искуства во Македонија.