02.02.2022

Предлог за викенд: Рибен ресторан „Планинска куќа“

Предлог за викенд: Рибен ресторан „Планинска куќа“

Ни доаѓа уште еден викенд. За оние кои размислуваат каде да скршнат, тимот на Кајак.мк ви споделува уште една гастономска дестинација. Во нашата база го додаваме рибниот ресторан „Планинска куќа“ која се наоѓа во село Бистрица. Ова село е во подножјето на Пелистер, недалеку од Битола, по течението на реката Бистрица.


Домаќините на куќата велат дека специјалитети овде се свежите калифорниски пастрмки со вели и црвено месо.


Ресторанот има богата винска карта со разни сортни вина од доста домашни винарии, а вино и риба е совршена комбинација. Ресторанот има прекрасна летна тераса која нуди извонреден поглед, а внатрешноста е пријатна и топла за ладните зимски денови.


Домаќинот Миле вели дека специјалитет на куќата е секако златната пастрмка, но за они кои не се љубители на рибата, во менито има и скара. Објектот работи секој ден од 12:00 до 21:00 часот, а постои од 2014-та година.


Летниот период е доста актрактивна дестинација. Рибарникот го посетуваат странски туристи кои доаѓаат по свежа вкусна риба.

Оние кои сакаат да го доживеат ова гастрономско искуство, може да резервираат на 077 840 544, 078 426 969 или 078 226 205

Рибниот ресторан „Планинска куќа“ од денеска е дел од нашата база „Гастрономија“, а која може да ја погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.