31.07.2023
Скопјанецот Драшко Колев веќе две години се заминава со изработка на масивно квалитетно дрво
Скопјанецот Драшко Колев веќе две години се заминава со изработка на масивно квалитетно дрво
Кога приказните за локалните херои ќе ве мотивираат да отпочнете да го работите тоа што ве исполнува, барајте начин како да прочитате уште една нова приказна. Колку повеќе мотивирачки приказни ќе прочитете, толку полесно ќе сфатите дека вашето слободно време после работа, може да биде нова можност да заработите дополнително од едно обично хоби.

Во екот на летната сезона нема ништо подобро од тоа да
раскажеме збор два за Драшко Колев, скопјанецот кој стои позади брендот „Kolev
Rustic Wood“ а кој повеќе од 2 години сериозно се занимава со изработка на масивно
квалитетно дрво.
Драшко ги раскажа своите почетоци и вели дека дрвото и
дрвените предмети отсекогаш му биле идеални предмети му го разубавуваат домот и уште од млади години покажал интерес за тоа како да изработи
нешто за своја душа.
Со тек на времето и со усовршувањето на резбата, делата на Колев станале привлечни и за неговите блиски пријатели кои барале од него да им изработи предмети за во домот.

Со тек на
годините Колев добива мотив да отпочне да сериозно да се занимава со преработка
на дрвото, а како најсила поддршка за вакиот чекор ги потенцира неговите
пријатели кои го препознале квалитетот на неговата работа.
Драшко вели дека
сам започнал да ја развива професијата, никој од неговото семејство немало претходно искуство поврзано со
преработка на дрво. Тој се сеќава дека на самите почетоци гледал и учел нови
работи од интернет, а додава и
дека “крадел“ знаења од локалните столари.
Денеска, неговите најпродавани предмети се масите, клуб масичките, даските за сервирање и разни друштвени игри. Најчесто користи орев за изработка на предметите, бидејќи како што вели тој има доста интересен дизајн, но се случува да користи и даб, цреша, дрво од костен и така натаму.

За дрвото од костен вели дека е доста применувано во ова дејност
поради неговата мекост при преработката. Околу времето на изработка, Драшко
вели дека зависи од финалниот изглед на предметот и каква ќе биде неговата
намена, а исто така зависи и од тоа дали предметот ќе добие епоксидна смола
која се нанесува и во неколку фази.
Колев, кој воедно е дипломиран машински инженер, вели дека ќе
продолжи да се надоградува и да учи и дека нема да застане овде.
Тимот на Кајак.мк ги поддржува ваквите локални херои кои создаваат
мали нешта од огромно значење. Доколку сакате да стапите во контакт со Драшко
чувствувајте се слбодни да му јавите на: +38971767557
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.