17.01.2023

Во Македонија има планинска викендица на Круша која од денеска е достапна за изнајмување

Во Македонија има планинска викендица на Круша која од денеска е достапна за изнајмување

Можеби се уште е рано да зборуваме за уникатни пролетни и летни скривалишта бидејќи пред нас се февруари и март, но сега е идеален момент да ви споменеме дека од денеска во базата на Кајак.мк може да се најде скривалиште кое е идеално за престој во текот на пролетните и летни денови кога густата шума е зелена и кога дува пролетниот и летен ветер кој прави шум од лисјата додека вие уживате распослани во дворот на планинската куќарка на Круша.


Денеска ве водиме на Круша. Круша е излетничко место кое се наоѓа недалеку од ски центарот Кожуф, на самата граница помеѓу општина Гевгелија и општина Кавадарци. За населбата не би рекле дека е туристичка, туку би рекле дека Круша е излетничка населба за дел од локалното население кое живее на југот од Македонија. Населението го користи оваа планинско никнато “селце“ за одгледување на земјоделски производи и за одмор на душа.


Круша е дестинација која им ја препорачуваме на сите авантуристи, луѓе кои уживаат на планина, луѓе кои ја чествуваат планината и луѓе кои се би направиле за добро да ја испромовираат планината.


До Круша може да се пристигне со теренско возило по неасфалтиран пат, можете да пристигнете планинарејќи или пак до одреден дел по асфалтираниот пат кој води до ски центарот Кожуф (читај не е во функција). Превозно средство кое се користи до Круша е теренско-џип возило или мотор. Ние како тим за промоција на туризмот, не ви препорачуваме да ја посетите Круша додека има услови за снежни бранови, бидејќи шансите да останете затрупани во снег се големи (Освен ако тоа не го направите пеш и со планински водичи кои се запознаени со условите на Кожуф планина)


Пролетните, летни, како и деновите од раната есен се идеален период за посета на Круша. Густата шума ќе ви даде чувство дека се наоѓате на швајцарските алпи, а околината и можностите за прошетки ќе ви ги наполнат батериите до максимумот.


Ние денеска ќе ве запознаеме со првата викендица во која можете да престојувате. Го запознавме домаќинот Ване, кој ги отвори своите врати за светот на Кајак.мк и ни потенцираше дека викендицата е скоро нова и реновирана, а ќе трпи и дополнителни реновирања на пролет.

Викендицата има капацитет за 9 лица, а при сместување ве пречекуваат домаќините кои е неопходно да бидат на местото за време на пристигнување за да им дадат на гостите повеќе насоки и да ги запознаат со околината.

Повеќе информации за викендицата, како и можност за дирекна комуникација со домаќините ќе добиете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.