31.10.2022
Бозовце: Нова гастро дестинација
Бозовце: Нова гастро дестинација
Денеска сакаме да
ве запознаеме со една доста специфична гастро дестинација која отсега ќе можете
да ја најдете во базата на Кајак.мк, а чиј сопственици ќе ви понудат едно
поинакво искуство за време на вашата дегустација на локалната храна.
Шахин Фазлија, е
новата гастрономска понуда која може да ја најдете на врвовите на Шара. Секоја
недела во селото Бозовце се приготвува традиционална храна која е во изобилство
на флија со сирење (локална рендана пита под сач), урда со пиперки и кисело
млеко. Сето ова се служи на нова дрвена платформа која нуди прекрасен поглед.
Ваквата гастро
дестинација е идеална за патувачите љубители на активниот туризам кои ги
посетуваат водопадите на Лешница или околните планински дестинации.
За оние кои
досега не слушнале за село Бозовце, треба да знаат дека на 2 километра од
селото се наоѓаат познатите Шарпланински езера Голем, Мал и Црн Ѓол кои се одлична
викенд дестинација. До селото се пристигнува по патот кој води до ски центарот Попова Шапка, со
скршнување во десно кон селата Шипковица и Вешала. Бозовце е последното село од
низата, а природата која го опколува ќе го оправда вашиот пат.
Повеќе информации
за локацијата и контакт за резервација можете да добиете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.