01.11.2022

Предлог викенд дестинација за риболов и вкусна риба

Предлог викенд дестинација за риболов и вкусна риба

Од почетокот на постоењето на платформата Кајак.мк до денеска, добивме многу коментари од професионални рибари дека честопати ја користат нашата платформа за да дознаат за нови места и локации ширум државата каде ќе може уживаат во рибарењето.

Рибарите се едни од нашите редовни читатели и патувачи, затоа одлучивме денеска да ги запознаеме со уште едно уникатно езерце во Македонија и уникатен ресторан кој треба да биде на листата на викенд патувања.


Тимот на Кајак.мк разговараше со Лидија, која е домаќинка на рибниот ресторан Гого-Монд кој се наоѓа на самиот брег на малото езерце богато со крап, штука, сом, клен и црвеноперка.


Рибниот ресторан се наоѓа во околината на Ранковце, а до него ќе пристигнете по патот од Куманово кон Крива Паланка, каде 4 километри после клучката за Кратово продолжувате по тампониран пат уште 300 метри и пристигнувате до ресторанот.


Ресторанот постои веќе 20 години, а се започнува со езерото кое денеска се наоѓа во склоп на ресторанот и кој се користи за риболов бидејќи е богато со разновидни видови на риба. Прекрасната и живописна природа е онаа кое му дава автентичност на местото. Храната пак се готви на традиционален начин.


Доколку го посетите рибниот ресторан, тимот на Кајак.мк ви дава предлог да вкусите прак на кременадли и црвена пастрмка приготвени на традиционален начин.

Повеќе фотографии, точна локација на мапа и контакт за резерација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.