20.12.2022
Го промовирам Прилеп преку шише добро вино
Го промовирам Прилеп преку шише добро вино
Малата семејна
винарија на Гоце од денеска е дел од бакалницата на Кајак.мк, а неговите вина
можете да ги нарачате до вашата адреса со еден клик ОВДЕ.
Винаријата Сарика е мала семејна винарија со капацитет до 5600 литри вино, а официјално е регистрирана во 2020-та година.

Гоце како сопственик на винаријата за себе вели дека одамна се заминава со лозарство и дека винаријата ја основа се со цел да ја продолжи приказната која ја започнал неговиот прадедо, дедо и татко. Виното во неговото семејство се правело на традиционален начин со рачна машина за мелење грозје и сите сорти кои ги одгледувале ги ставале во дрвени бовчи кои се користете како комињарници за домашни потреби.

Денеска Гоце вели
дека има софистицирана опрема која му ја олеснува работата, а со тоа се стреми
малото производство да го зголемува до година во година. Најважно од се е да
задржи производството на високо квалитетни вина.
Етикети кои се застапени во Сарика се Вранец, Прокупец, Пловдина, Мускат и Сарика бело (Жупјанка и Ркацители).

Најважно од се е фактот дека тој се уште користи грозје од сопствени лозови насади од прилепско виногорје. Вината се овошни со изрзита свежина и високи киселини поради големата надморска височина од околу 730 метри.

Во иднина има во план да учествува на повеќе меѓународни натпревари со цел да потврди дека и прилепскиот регион е поволен за производство на премиум вина.
Виното од винарија Сарика можете да го погледнете и нарачате ОВДЕ.Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.