10.10.2020

Приватна вила во Руѓинце за целосна изолација

Приватна вила во Руѓинце за целосна изолација

Истражувајќи низ селата на Македонија и следејќи ја моменталната ситуација со пандемијата, тимот на Кајак.мк ви открива една доста скриена вила која можете да ја резервирате преку интернет. Во моментото сме во потрага по контакти од сопствениците, што значи дека наскоро ќе ги додадеме дополнително тие податоци во самиот текст.

Вилата е на 25 километри од Куманово, во скриено место и мирна околина. Објектот се наоѓа во селото Раѓинце. Самата куќа е направена од камен со висок стандард и дава домашна атмосфера со природно чуство.

Наутро се будите со звуците на птиците, ноќта ја заокружувате гледајќи кон ѕвезденото небо. Ова е идеално место за одмор, за луѓе кои преферираат медитирање, јога, за луѓе кои се напорно ангажирани на работните места а и луѓе кои сакаат да го истражуваат ова место.

Внатрешниот простор располага со спална соба со брачен кревет за двајца, доба со два софа кревети во која може да престојуваат четири лица. Бања опремена со туш и кујна опремена со сите алати, како и надоврешна кујна, простор за скара и рерна за пица за гостите. Гостите го имаат на располагање целиот објект, прекрасната градина, вкучувајќи го отворенит базен (во текот на летната сезона). 

Ова место е идеално и за цело семејство, за мирен и спокоен одмор. За луѓето кои ги интересира градинарство, лозарство и историја. Сопствениците на вилата живеат другиот дел од вилата, а според она што можеме да го дознаеме се доста гостопримливи. Голем дел од гостите пишуваат дека сопственичката Љубица подготвува одличен појадок. 


ПРОЧИТАЈТЕ ПОВЕЌЕ: 

Дрвена куќа идеална за време на дожд



Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Запознајте го Виктор: За нас, маестро за наполитанска пица

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.