07.12.2022
Престојувајте во етно вила во село Љубојно
Престојувајте во етно вила во село Љубојно
Секојдневно ги ископуваме на површина сите уникатни
сместувања во Македонија кои вредат да ги посетите барем еднаш во животот. Ако
има дестинација која мора задолжително да ја посетите, тоа секако би било село Љубојно.
На само 2 километри од Големото Преспанско Езеро, во пазувите на планината Баба и во долниот тек на живописната долина на Брајчинската Река се наоѓа селото Љубојно.

Ова прекрасно планинско селце е сместено на 920 метри надморска височина и е опколено со густа претежно дабова шума на источната страна.

Додека пешачите по асфалтираните улички на селото ќе имате впечаток како да се движите назад низ времето. Во селото ќе забележите дека има многу стари куќи кои се градени меѓу двете светски војни, со печалбарски пари. Нив посебно ги краси фино делканиот камен, разнобојните фасади и уникатните балкони. Ваквите градби ќе ви дадат чувство дека шетате низ мала градска населба.



Во самото село се наоѓа и вилата „Стара Чешма“ која од
денеска е дел од базата на Кајак.мк. Нашиот тим утрово разговараше со
домаќинката Елида, која ни ја сподели приказната на оваа мало симпатично
фамилијарно катче кое ќе ви го направи викендот поубав. Станува збор за објект
кој има 5 соби и вкупно 13 легла, што укажува на тоа дека ова сместување е
идеално за фамилијарно истражување на селото Љубојно и околината.


Повеќе информации, фотографии и контакт за резервации можете
да добиете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.