12.01.2021
Промовираме планински туризам и се надеваме дека ќе допре до секој млад човек
Промовираме планински туризам и се надеваме дека ќе допре до секој млад човек
Додека надвор студот коси, дел од туристите го користат одморот за да прошетат низ Македонија, а дел чекаат да се отворат повторно границите, тимот на Кајак.мк ве запознава со екипата од четири момци кои неуморно движат во рамки на “затворената природа“ во време на пандемијата. Познати по својот инста профил @timelessviews.mk.

Тајмлеси е екипа од четири момци (за сега) - Џоле (фотограф), Џоџо (gopro снимател), Борис (хајкер) и Алекс (уредник). Како што ни велат тие, секој со свој мерак и пасија. Основоположник на оваа #велолепна иницијатива е Џоле(Стефан Б.), а за кратко време се приклучиле и останатите.


Момицте велат дека идејата да започнат со ваков проект ја добиле барајќи „погледи за кои вреди да се живее“. Откако започнале да патуваат низ Македонија, се решиле да крекираат и профил наречен Timeless views.

Профил преку кој ќе може да ги мотивираат сите млади да излезат од дома и да бидат повеќе активни.
Мотивацијата ја создаваат многу едноставно. Се искачуваат на врвот на планината и прават фотографии на кои се гледа “целиот свет“. Мотивација плус е слободата, чистиот воздух, фотографијата и доброто другарување.

За нив главниот мотив е недопрената и за жал неприкажана убавина која е насекаде околу нас во оваа наша прекрасна држава. Патуваат бидејќи сакаат да прикажат дел од прекрасните места во Македонија но и да поттикнат други да уживаат како нив.
Преку фотографијата го промовираат планинарски туризам а ќе продолжат и со снимање на „хајкинг“ креативни видеозаписи. Во иднина се надеваат дека ќе ја прошират екипата и ќе создадат колектив од авантуристи, фотографери и сниматели.

На нашето прашање кои им се омилени места во Македонија, одговорот е ваков:
ЏОЏО: Солунска глава
ЏОЛЕ: Национален парк Галичица
АЛЕКС: Љуботен, Шар Планина
БОРИС: Пелистер, Баба Планина
Ова се топ 3 локации за пост-ковид во Македонија:
Титов Врв
Лешница
Голем Кораб

Кои дестинации надвор од Македонија ги препорачувате на нашите патници?
Национален парк Пирин
Национален парк Јосемити (Yosemite)
Pico de Arieiro - Madeira, Portugal
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
The Dude Specialty Coffee Skopje – #30 во Европа меѓу најдобрите кафулиња 2026
The Dude Specialty Coffee Skopje се рангира на #30 во Европа и меѓу 100-те најдобри во светот за 2026, потврдувајќи ја растечката specialty coffee сцена во Македонија.
5 работи што туристите ги снимаат во Македонија, а локалците често ги игнорираат
Откријте што најчесто снимаат туристите во Македонија – сцени и моменти од секојдневието што локалците често ги занемаруваат, а посетителите ги доживуваат како автентична вредност.
Колку навистина чини еден викенд во Македонија?
Реална анализа на трошоците за викенд патување во Македонија – сместување, пат, храна и активности. Колку треба да издвоите за кратко бегство од градот денес?
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава
Тим билдинг исполнет со адреналин, креативност и забава.
Топлотен бран во Европа: Како екстремните температури влијаат на летниот туризам во 2026
Екстремен топлотен бран со температури над 40°C ја зафаќа Европа. Дознај како жештините влијаат на туристичките патувања, дестинации и летниот туризам во 2026.
Неделно Откритие од Македонија: Бабуна Пешти – скриен кањон кај Велес
Откриј ја Бабуна Пешти кај Велес, тесен кањон со варовнички карпи, природни пештери и недопрена речна природа, идеален за љубители на авантура и мир.