08.04.2024

Стартува нова Авантура на Осоговските Планини: Возбудливи ATV Тури за групи од 6 до 10 лица!

Стартува нова Авантура на Осоговските Планини: Возбудливи ATV Тури за групи од 6 до 10 лица!

Со доаѓањето на пролетта и првомајските празници, новата сезона на ATV турите на Осоговските планини носи невидена возбуда и авантура. Почнувајќи од 1-ви мај 2024 година, вашиот пат до незаборавни искуства тимот на Кајак.мк го надополнува со нов предизвик на Осоговските Планини.

Цените на турите можете да ги погледнете со еден клик ОВДЕ.


Заедно со M Adventures започнуваме со организирање на разни АТВ тури кои може да траат од еден час до целодневно истражување. На ваквите АТВ тури може да се пријават групи од 4 до 10 лица, а за секој од присутните има обезбедено кацига и видеозапис со GoPro.

Искуството се збогатува со професионално снимени моменти од вашата авантура, меморирани со дронови и професионални апарати.


За оние кои сакаат да продолжат со авантурата, понуден е и кампинг пакет со целосно опремени шатори, удобни лежалки и сè што е потребно за идеално кампување под ѕвездите. Комбинирајте ATV возење со кампување и заштедете, додека уживате во природата и авантурата.


Турите ќе ве носат низ живописните локации на Осоговските планини, како што се Св. Јоаким Осоговски, Калин Камен, Руен и Царев Врв. Турите започнуваат од Крива Паланка, каде што авантурата добива ново значење со секој чекор напред.

Максималниот број на лица кои може да бидат во група е до 10 луѓе, каде секоја авантура е прилагодена на вашите желби и можности.

Повеќе информации, фотографии, цени и опција за он-лајн резервација ќе најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Вила со базен, џакузи и одличен поглед на Скопје

Уште една вила идеална за организирање на вашите семејни и друштвени собиранки, а идеална и за одмор и рекреација од денеска е достапна во светот на Кајак.мк.

Во село Горно Соње се наоѓа винарија „Joveski Garage Winery“

Традиционалениот стил, а особено самата порта на малата семејна винарија „Joveski Garage Winery“ говорат за умешноста на ова семејна приказна во сосдавањето на една уникатна винска приказна.

Организираме „Mountain Go Cart“ на Крушево

Отсега преку Кајак.мк можете да резервирате Mountain Go Cart авантуристичка тура во Крушево.

Предлог викенд дестинација: Ресторан Луле на Тиквешко езеро

Нашата цел е да ви креираме бесплатни еднодневни викенд тури кои можете да ги реализирате во сопствена режија со вашето семејство, блиски пријатели и роднини.

Дали сте слушнале за „Моја Куќа“ во Скопје?

Етно гостилницата како што би можеле да ја наречеме поради своето мени има доста уникатни специјалитети почувајќи од тави со мешано месо и зеленчук, струмички “мрфки“, селски специјалитети и добра атмосфера.

Вила со базен на Тиквешко езеро достапна за резервации преку Кајак.мк

Вилата нуди комфор во две пространо уредени соби, обезбедувајќи сè што ви е потребно за незаборавен престој. Секоја соба е опремена со брачен кревет, плакар и телевизор. Во дневниот престој има уште еден кревет на развлекување, што ви овозможува сместување до 7 лица.