05.08.2022
Го промовираме Лесново преку секој залак домашна храна
Го промовираме Лесново преку секој залак домашна храна
Сигурно многумина од нашите редовни патувачи и домашни туристички агенции кои ја користат нашата платформа за креирање на понуди немаат слушнато за Весна. Весна е наша нова локална хероина која живее за Лесново. Оние кои го посетиле нејзиното дворче и уживале во вкусната домашна храна која таа со свои раце секојдневно ја подготвува знаат за каква среќна и позитивна приказна денеска ви раскажуваме.

Во дворчето на Весна веќе подолго време гостуваат разни домашни и странски туристи, групи амбасадори, фамилии со деца кои сакаат чист воздух, природа и здрава храна. Ова коешто досега ви го споменавме е доволна причина да ја отворите нашата база на „Гастономија“ во која ќе најдете контакт од Весна и да резервирате присуство на некој од нејзините часови по готвење или пак да резервирате своја маса во зелениот двор.

Дворчето на Весна се наоѓа наспроти Лесновскиот манастир на околу 1000 метри пешачење. Во дворчето има летниковец кој има капацитет до 35 лица, но како што вели Весна, гостите преферираат да уживаат на зелената ливада. До дворчето на Весна има неколку патокази по кои може да се ориентирате за полесно да пристигнете.

Таа вели дека со туризам се заминава уште од 2008-та година, кога започнале на друга локација во селото, но поради развој на идејата, во 2016-та година го градат денешниот летниковец во дворот од нивната куќа и денеска низ смеа таа вели дека “работи од дома“.

Идејата да започнат со нешто вакво била на нејзиниот сопруг Зоран, а поддршка добиле и од нејзините деца, па и затоа велат дека станува збор за семеен бизнис.

Весна додава дека имаат отворено книга за впечатоци која е полна со позитивни коментари, а има и гости коишто ги посетуваат и по повеќе пати што е доказ дека се задоволни од нивната услуга.

Најчесто готват традиционална храна, сукано, слатко од плодови што ги има во Лесново, домашни сокови, домашна препечена шливова и лозова ракија и салати од зеленчук што сами си го одгледуваат во нивната бавча.

Весна вели дека храната,
слаткото и соковите ги подготвува таа,
а скарата и ракијата му ја пропушта
на нејзиниот сопруг.
Доколку сакате да
стапите во конткат со Весна, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Irena Mircovska
07.08.2022 20:32
Почитувани, моето име е Ирена Мирчовска и работам како локален координатор на Националната платформата за женско претприемништво за Источен регион. Ја прочитав вашата убава приказна и добив идеја да ја предложам Г-ѓа Весна како успешен пример со кој би ги мотивирала другите жени. Доколку сте заинтересирани ќе ве замолам да ме побарате на тел. 071272024. Срдечен поздрав
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Излетничките места – идеална дестинација за викенд бегство во природата
Откриј ги најубавите излетнички места во Македонија – идеални дестинации за викенд прошетки, природа, авантури и мир со kajak.mk.
Вкусови од Македонија: автентично гастрономско патување
Доживејте ги автентичните вкусови на Македонија преку нејзината богата гастрономска традиција. Откријте локална храна, културни приказни и незаборавни искуства.
Како да се одржи автентичноста и квалитетот кога туристите се повеќе доаѓаат
Откријте како Македонија може да го задржи својот автентичен дух и квалитет во време кога бројот на туристи расте секој ден.
Живот на село во Македонија: Мир, природа и автентично искуство
Откријте зошто животот на село нуди мир, чист воздух, здрава храна и блиска заедница. Селото е идеално место за здрав и исполнет живот.
Село или град: каде младите во Македонија го гледаат својот живот?
Село или град – каде младите во Македонија го гледаат својот живот? Анализа на последните пет години, мотиви, трендови и избори на младите, со поглед на урбаната динамика и руралната иднина.
Засадивме 1700 дрвца: За секоја онлајн резервација извршена преку Кајак.мк во изминатиот период
За секоја онлајн резервација и уплта преку Кајак.мк вие донирате по едно дрвце за пошумување во Македонија. Тимот на Кајак.мк на 01.11 засади нови 1700 дрвца во Македонија за најновите 1700 онлајн резервации извршени преку Кајак.мк во изминатиот период.