23.03.2022
Секојдневно подготвувам домашно лепче: Нешто кое нè прави среќни сите во семејството
Секојдневно подготвувам домашно лепче: Нешто кое нè прави среќни сите во семејството
Секојдневно читаме вести поврзани со четири работи: Брашно,
јајца, леб и зејтин. Секојдневно читаме како расте цената на лебот во
продавниците, па од тие причини ние во Кајак одлучивме да разговараме со некоја
личност која наместо од продавница, леб си подготвува дома!
Тие луѓе за нас отсекогаш ќе бидат поразлични. Тоа е љубов и нема аргументи кои може да докажат дека луѓето кои подготвуваат домашно лепче прават нешто погрешно.

Напротив, како приказна која можеби ќе ве мотивира да
започнете со подготовка на домашен леб ја одбравме приказната на Јасмина Крстеска.
Но дали се прашувате зошто баш нејзината приказна? Затоа што Јасмина им пркоси
на оправдувањата кај повеќето дека немаат слободно време за подготовка на
домашен леб.
Јасмина има 43 години, мајка е на три деца и работи со полно
работно време.
За нас е хероина, а за себе вели дека е весела личност, која е доста љубопитна и сака да истражува, да учи и да е во постојана потрага по нешто ново.

За Кајак.мк вели дека идејата за домашен леб созревала некако
постепено. Со нејзиниот сопруг се декларираат како гурмани кои постојано
размислуваат за поздрава алтернатива во исхраната.
Јасмина вели дека не е од тие личности кои во името на здравата
исхрана исфрлаат намирници од употреба. Дома често јадат брокули и зелка, многу
овошје и зеленчук, овес и чија, кокосово млеко и протеински суплименти. Но исто
така јадат торта и колачи, свинска маст, компир, тестенини и секако леб.
Јасмина вели дека тајната е во избалансираното користење на намирниците и тие да бидат со познато потекло, односно од домашно производство.

Поради ваквите причини се развила идејата за домашен леб. Додека
ги читала етикетите со состав на лебот (барем на тој кој имало етикети) забележувала
дека тие содржат многу адитиви и состојки нои не и се допаѓале.
Од производ кој треба да се состои од брашно, вода, сол и
квасец, лебот е претворен во производ полн со нитрати, сорбати, глутамимати и
што уште не, додава таа.
За себе вели дека не е експерт, далеку од тоа, но вели дека
живееме во време кое благодарение на интернетот можеме да ги добиеме сите
информации во секое време.
Ваквото незадоволство го мотивирало младото семејство да си
купи апартат за приготвување леб. Но со тек на време сфатиле дека најдобро е
лебот да го печат во домашна фурна.
Денеска, по цели 10 години Јасмина сѐ уште подготвува домашен леб. Таа вели дека може на прсти да ни избори колку пати има купено леб од продавница.

За неа е многу полесно да подготви леб дома, отколку да
наврати до продавница.
Спротивно на популарното мислење воопшто не е тешка
процедурата на самото месење и не одзема многу време, советува Јасмина.
„Видете, јас сум човек кој сака да готви, но не сакам тоа да го правам цел ден, со што си прилагодив неколку рецепти кои не одземаат време. Да не се лажеме, од почеток правев и грешки па не испаѓаше сето тоа како што треба. Но, нели упорноста секогаш се исплаќа и сега правењето леб ми е медитација“, вели Јасмина. Таа додава дека чувството кога од обични состојки, со сопствени раце се прави нешто со кое ќе си ја нахрани фамилијата е бесценето, а од неодамна има обичај кога ќе појде на гости кај блиските да им однесе топло лепче. Гест кој ги ги прави среќни сите.

Во Македонија секогаш имаме многу совети за тоа како не
треба да се прават работите, но затоа ние од Кајак постојано бараме и совети за
тоа како треба нештата да се направат. Од вакви причини ја запрашавме Јасмина
да ни ја раскаже во кратки црти процедурата на подготовка на еден домашен леб.
Таа вели дека клучот на добриот леб е во стасувањето на тестото. Тестото сака да си одмори за да се формираат мали меурчиња со воздух кои после придонесуваат лепчето да биде меко. Она што навистина направи разлика кај нејзе е моделот 40/40/40. Тоа значи дека откако ќе се се формира тестото прво се остава 40 минути да стаса, потоа се премесува и се става во калап, па се остава уште 40 минути и на крај се пече уште 40 минути.

Ваквиот процес одговора за тесто кое го подготвува со 700 мл
вода, лажица сол, лажица шеќер, еден квасец и мешавина од „Грахам“ и бело
брашно. Од оваа количина излегуваат две убави векни леб. Единствениот
"потежок" дел е што во рецептот никогаш не може точно да каже која
количина на брашно е потребна, бидејќи тоа варира од многу причини како видот
на самото брашно, типот на водата, дали има масло, дали додала некои семки, а
влијание има и годишното време.
Во овој секојдневен рецепт кој ни го претстави погоре таа започнува со 2 чаши бело брашно, по што додава 2 чаши „Грахам брашно“. Овде нема потреба од долготрајно месење, од типот 5-10 минути. Само да се формира убаво еластично тесто и толку- Ништо комплицирано, вели таа.

Омилени ѝ се неколку видови лепчиња. Тоа се чијабатата без
месење која се остава преку ноќ и се пече во тенџере, а која и е омилена на
нејзиното семејство дома. Исто така малите лајбици се многу практични за
сендвичи за школарците.
Според скромното мислење на Јасмина, лебот изработен од брашно
од цело зрно (интегрално, Грахам и сл.) кој е направен дома без адитиви треба
да биде дел од сечија исхрана. Дома приготвеното лепче изобилува со Б витамини
и растителни влакна, две клучни компоненти на здравата исхрана.
А мирисот на тазе печено лепче дома... Бесценет
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Ивана и тивката магија на филигранот: приказна за уметност, трпение и уникатност
Откриј ја приказната на Ивана и нејзиниот рачно изработен филигрански накит – уникатни парчиња создадени со љубов, инспирација од природата и лични приказни, каде секој детаљ носи своја уметничка вредност и автентичност.
Први Мај – вистинското значење на Меѓународниот ден на трудот во современото општество
Откријте ја вистинската важност на Први Мај – Меѓународниот ден на трудот. Анализа на неговото историско значење, современите предизвици и зошто овој ден не треба да се сведува само на одмор и традиција.
Ново на Kajak.mk: Везден – Академија за млади готвачи
Едукативна кулинарска академија за деца каде преку интерактивни работилници се учат основи на готвење, тимска работа и здрави навики. Практично учење во безбедна и креативна средина со стручно водство. Резервации достапни и преку Kajak.mk
Уникатни сместувања во Македонија – Необични и автентични престои | Kajak.mk
Откриј уникатни сместувања во Македонија – необични куќи, еко престои и автентични објекти со посебен карактер. Резервирај директно преку Kajak.mk и доживеј нешто различно.
Во Македонија: Нови бунгалови во кои секој би сакал да престојува!
Нови бунгалови во Старо Нагоричане, идеални за викенд бегство!
Реструктурирање на крстарењата 2026 – како геополитиката го менува морскиот туризам
Во 2026 крстаречката индустрија се менува поради геополитички ризици. Нови рути, преместување на флоти и раст на Медитеранот и Карибите ја редефинираат иднината на крстарењата.