17.02.2022

Не очекував моето вино да ја добрие Гранд При наградата за најдобро оценето вино

Не очекував моето вино да ја добрие Гранд При наградата за најдобро оценето вино

Сончевите денови од месец февруари ги искористивме да испиеме едно кафе со Александар Кимов. Човекот кој стои позади винскиот бренд „Кимов“ кој годинава му ја донесе „Гранд При“ наградата за виното „Темјаника берба 2021 година“.


Александар е среќен за наградата, но признава дека не очекувал ова да се случи. За Кајак.мк раскажува дека уште во самата ферментација неговиот тим бил свесен дека виното е со врвен квалитет, но дека ќе добијат награда за најдобро оценето вино, никој не ни помислил.

Ваквите награди се доделуваат на интернационален натпревар од комисија во состав на реномирани енолози под раководство на професор Михаил Петков.


Награда се должи на најдобар оценет пијалак од бели, црвени и розе вина, ракии, вињаци и мастика од сите категории заедно.

Виното „Темјаника 2021“ е оценето според: Оригиналноста, нијансата на боја, интензитетот на боја и мирис, префинетоста, хармоничноста, оригиналност на вкус, интензитет на вкус, хармоничкост на вкус, постојаност на вкус и после вкус.


Александар вели дека признанието му потврдува дека е на прав пат. Отсекогаш посакувал да го работи ова што го работи денес. Вели дека во Тиквешијата производството на вино е ритуал со кој живеат бројни генерации. Занаетот го печел кај неговиот татко, го набљудувал и му крадел од знаењето. По дипломирањето одлучил да ја продолжи семејната винска традиција и да ја преземе одговорноста околу производството на вино.


За него најголема мотивација се задоволните консументи кои уживаат во виното. Како секој млад и амбициозен винар и Александар сонува за развој на винската приказна. Вели дека има визија и големи планови. Од неодамна започнал да организира вински дегустации и презентација на вината. Сето ова надополнето со кетеринг услуга.


Доколку сакате да стапите во контакт со Александар, тоа ќе може да го сторите на 075 379 316, а наскоро неговите производи ќе се најдат во нашата Кајак Бакалница. 

Остави Коментар

Коментари

  • Stojan Simic

    17.02.2022 15:14

    Sekoja cest na Aleksandar za nagradata.Mnogu me raduva sto mladi luge se ambiciozni I veruvaat vo svojata rabota.Zatoa mladi luge kako Aleksandar treba da se podrzuvaat,a uspehot ke dojde.

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.