22.07.2021

Престојувајте во дом во село Оровник кое е недалеку од Охридското езеро

Престојувајте во дом во село Оровник кое е недалеку од Охридското езеро

На околу 7 километри од Охрид и Струга и во непосредна близина на Охридскиот аеродорм се наоѓа селото Оровник. Селото во кое е развиено земјоделието нуди и сместување за луѓето кои бараат автентични селски домови и огромни дворови.

Ова село има доста интересна историја и приказна, а која приказна може да ви ја раскаже нашиот нов домаќин, Тони Стефаноски чиј дом од денеска е дел од базата на Кајак.мк.


Тони вели дека како главна атракција која ја нуди неговото сместување е огромниот двор со огранската бавча покрај која има масички и скара кои може да ги користат гостите. Тони вели дека неговата бавча е достапна за сите гости и дека секој може да се набере плодови и да подготви разни специјалитети и салати.


Куќата се наоѓа во доста мирна област, а недалеку од неа има пешачки и велосипедска патека. Ова село како дестинација за патување се препорачува на луѓето коишто живеат во густо населени градови, а кои ретко имаат шанса да уживаат во селско руралните средини.

Тони вели дека селото Оровник се наоѓа на добра локација, бидејќи е недалеку од Охридското езеро, а градовите Охрид и Струга се на 7 километри. 

Доколку сакате да погледнете повеќе инфо за сместувањето, цени и фотографии, тогаш кликнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.