01.03.2021

Нашиот еколошки пчеларник е доказ дека Македонија е навистина медена земја

Нашиот еколошки пчеларник е доказ дека Македонија е навистина медена земја

Време е да почнеме да размислуваме околу пролетните патувања. Многу наскоро ќе се пробуди животионскиот свет во Македонија, а со тоа се пробудува и нашата желба за активно патување. Во наредниот период ќе ве запознаеме со предели во Македонија кои се идеални да се посетат на пролет и во лето.


Денеска ве запознаваме со браќата Благој Јовчевски и Нацо Јовчевски кои својот живот го посветиле на пчеларството и развиле прекрасна приказна која инспирира многу странски туристи. Нивниот пчеларник се наоѓа во Дихово, планинско еколошко село на Пелистер. Пчеларникот БН е формиран во 2005 година, со желба да се произведе мед за домашна потреба, но за многу кратко време прераснува во фамилијарен семеен бизнис.


Браќата велат дека во 2014-та година започнале да развиваат „Апитуризам“ во Македонија. Според нив ова е првиот пчеларник во Македонија кој нуди апи услуги. Веќе во 2016-тата година ја отвараат првата апикомора, каде гостите можат да го почувствуваат мирисот на пчелите.


Извонредната локација е таа што му дава предност на овој пчеларник.Самата местоположба на селото Дихово нуди здрав живот во чиста животна средина. Во моментот тие поседуваат преку 400 пчелни семејства кои се распоредени по падините на Баба Планина.

Пчеларникот е опкружен со овошни насади од малини, јагоди, цреши, вишни, јаболка, круши и така натаму.


Најголемиот број на гости се странските туристи, кои се присутни од април до септември. По секоја презентација, Нацо вели дека следува фотографирање на туристите со отворена кошница, дегустација на мед директно од рамката на кошницата, облекување во пчелрска опрема и многу други работи.


Странските туристи се воодушевени од целото место, вели Благоја. Тие коментираат дека од своите станови на 20-ти спрат гледат само облаци, а ова овде во Дихово за нив е вистински рај на земјата.

По едночасовното предавање и обука за животот на пчелите и процесот на производство на мед, гостите може да набават разни производи во соодветни амбалажи. Благој вели дека најмногу се бара шумскиот и ливадскиот мед, како и матичниот млеч.


Во зависност од тоа кој период ќе го посетите пчеларникот, може да учествувате во процесот на цедење мед, собирање полен, производство на матичен млеч, како и припрема на опрема со изработка на рамки. Покрај презантацијата за пчеларство (животот на пчелите и значењето на пчелите) посетителите имаат час по апитерапија, а во летниот период и селски ручек во селски двор во Дихово, со вкусни медени специјалитети. 


Пелистер е идеално место за мир и благосостојба на пчелите. Нема загадување, нема вознемирување на пчелите и од сите страни има пчелни пасишта и неброени количини цветен нектар. Врвот Пелистер и неговиот пелистерски ветер е многу заслужен за идеалната водушна бања.


Секој кој е заинтересиран да го посети пчеларникот, да се запознае со нивните услуги и да ги искористи поволностите на овој пчеларник може да се јави на 075 269 535 или 075 443 795.

Воедно можете да ги заследите на фејсбук профилот: Pcelarnik BN selo DIhovo
Инстаграм
: Pchelarnik BN
Е-mail: [email protected] или [email protected]

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Октомври е создаден за патување: 6 дестинации што вреди да ги ставите на листата

Октомври е совршен месец за патување. Откријте 6 дестинации што National Geographic ги издвојува и инспирирајте се за следното патување.

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.