07.11.2021

Засадени 5000 дрвца со Комерцијална Банка

Засадени 5000 дрвца со Комерцијална Банка

Еј друштво. Среќни сме да ве информираме дека бројката на засадени дрвца преку нашите тим-билдинг организации се зголеми за нови 5000 засадени дрвца. Вработените на Комерцијална Банка во текот на викендот ги засукаа своите ракави и направија еден огромен чекор кој ќе донесе една поздрава и почиста средина не само за сегашните туку и за идните генерации.


Ваквиот еко тим-билдинг настан го организиравме во регионот на Свети Николе, кој важи за предел со слаби врнежи и недоволна покриеност со шума. Овој настан е дирекно поддржан од јавното претпријатие „Национални Шуми“ каде на самиот терен определен за пошумување беа присутни шумски инженери кои го споделија своето искуство за начинот на садење и ефикасно пошумување на регионот.


Драго ни е што ваквиот чекор кој го направи Комерцијална Банка им овозможи на младите локални извидници од извидничкиот одред „Гоце Делчев“ да поминат еден убав ден во природа, а од друга страна на нашите локални промотори на регионот еден ден исполнет со многу задоволство и среќа.


Како наша локална поддршка за реализација на целодневниот настан беше дирекно инволвиран Никола Ристевски, кој за нас е локален херој кој прави сè за да го развива туризмот во Овчеполието. 


Александар Илиќкој е Претседател на Синдикалната организација при Комерцијална Банка, вели дека ваквите настани треба да бидат традиција која ќе се почитува секоја година. Според него, со пошумувањето се разубавува изгледот на регионот, а од друга страна пак ваквите акции обезбедуваат здрава иднина на сегашните и идни генерации. Александар вели дека со ова сакаат да ги мотивираат и другите компании да се вклучат на ваков тип на тим-билдинзи кои се општествено корисни за цела нација.



По спроведената акција, тимот на „Комерцијална Банка“ го посети „Ѓуришкиот манастир“ кој е сместен во еден од најубавите предели во околината на Свети Николе, а каде во склоп на комплексот имаа можност да научат како се подготвува и пече домашна светиниколска пастрмалија, а преку секој залак да го вкусат самиот регион. 


Драго ни е што се повеќе компании се дел од нашата еко-листа и среќни сме што можеме да ги вклучиме сите наши локални херои кои целиот свој живот го посветиле на градењето на локалниот туризам, а кои заслужуваат да им се даде поддршката во овој тежок период. 


Ваквите настани ќе продолжат да се спроведуваат во месеците кога може да се реализира ефикасно пошумување, затоа ве покануваме да се приклучите во нашето еко семејство и да бидете дел од листата на Кајак.мк како компании херои кои дале поддршка на локалното население и на екологијата. 


Доколку сакате да испратите барање за организирање на еднодневен или повеќедневен тим билдинг настан, кликнете ОВДЕ.
Повеќе фотографии од настанот може да погледнете ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.