11.07.2021
Eдна од најубавите вили со базен на Тиквешко Езеро може да ја резервирате преку Кајак.мк
Eдна од најубавите вили со базен на Тиквешко Езеро може да ја резервирате преку Кајак.мк
Еј екипо! Тимот на Кајак.мк може да се пофали со уште една униката вила со базен која од денес е дел од нашата база. Запознајте се со вилата Princess Tikvesh Lake која е доста луксузна и која нуди бескончен поглед кон Тиквешкото Езеро. Ни следуваат месеци со изгор летни температури, а од тие причини ние се обидуваме максимално да ве разладиме со нашите предлози за бегство од урбаниот бетон.

Вилата е опколена со лозови насади и е една од најдобите приватни сместувања кои може да се начекат во овој регион.
Сигурно се прашувате што би правеле во регионот?
На просторот на Тиквешкото Езеро постојат голем број на археолошки наоѓалишта, населби, манастири и споменици. Од античкиот период, на овој простор се откриени повеќе наоѓалишта, како на пример: Римските гробишта кај с. Клиново и населбата Црквиште. Од средновековните наоѓалишта, познати се: населбата Тиквеш, пештерската црква „св. Лазар“ во близина на утоката на реката Каменица во Тиквешкото Езеро, Полошкиот манастир „св. Ѓорѓи“, пештерската црква „св. Марко“ во близина на с. Драдња) и др.

Во близината на селото Куманичево се наоѓалокалитетот Моминска карпа за кој постои легендата според која три девојки од селото Галиште, за да си ја спасат честа, се фрлиле од карпата. Пирота, за некоја да не се премисли, тие претходно си ги врзале косите во заедничка плетенка. Во близината на селото Моклиште се наоѓа манастир од XVI век, посветен на св. Никола.

Непосредно над езерото се наоѓа Полошкиот манастир и црквата „Свети Ѓорѓи“ од XIV век, богато украсена со фрески. За неа се мисли дека потекнува од крајот на IX век, бидејќи според архитектурата е многу слична со охридските црковни градби. Википедија извор.

Домаќините велат дека базенот може да се користи во текот на летната сезона додека сонцето е пуштено на максимум, а есента е доста уникатна за релаксација во градината и барот. Вилата е климатизирана и располага со бесплатен паркинг и Wi-Fi. Идеална е за семеен одмор, а внатрешноста располага со три сплани соби, дневна, ТВ, кујна и купатило.
Доколку сакате повеќе информации, фотографии и контакт за резервација, кликнете ОВДЕ.
Коментари
-
Darko
11.07.2021 18:38
Moze li da se rezervira za 1 ili 2 noki, I moze li tocna lokacija
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово
Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.
Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027
Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.
Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?
Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.
Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година
Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.
За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате
Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.
Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат
Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.