09.11.2021
Модерна вила на Велешко езеро со базен и прекрасен поглед
Модерна вила на Велешко езеро со базен и прекрасен поглед
Дали има такви кои би сакале да скршнат до велешкото езеро познато како Младост и да уживаат барем на еден викенд? Доколку има такви патувачи кои редовно се на нашата платформа за патување нека кренат два прста и нека продолжат со читање на нашето денешно четиво бидејќи имаме нова уникатна вила која од денеска е дел од базата на Кајак.мк

За ова уникатна вила гарантираме дека ќе има куп резервации во текот на цела година. Нејзиното име е вила Луција и преставува нов и модерен објект кој се наоѓа на најчистите вештачки езера во Македонија. Езерото Младост е познато по многубројните летниковци, винарии, ресторани и кафулиња, како и пешачките патеки околу езерото кои ќе ви го направат активен денот.

Ова уникатна вила се наоѓа на тивко и мирно место и нуди делумен поглед кон езерото, а она кое за нас е најважно е дека вилата е добро позиционирана со прекрасен поглед за време на изгрејсонцата.

Домаќините кои ја отворија вратата за светот на Кајак.мк се погрижиле ова вила да одговори на сите барања на патувачите. Во самиот двор има игри за деца, а околината на вилата е исполнета со ресторани и кафичи каде би можело да се седне на ручек или вечера.

Вилата има приватен базен кој е наменет за летните периоди, а преку зимата таа нуди можност за активни прошетки надвор од градскиот метеж и врева.

Вилата има
неколку студија и апатман. Сите имаат комплетно опремена кујна со фрижидер, шпорет,
плотна, блендер, апарат за кафе и тостер како и комплет садови, ТВ, клима инвертер,
комплет купатило со подно и ѕидно греење, удобни и нови лежаи, wi-fi, приватен базен со простор за деца со
трамболина, туш кабина, летниковец со скара и маси и столови за пикник надвор
околу базенот и сопствен паркинг за 7 возила.
Дел од студијата
се со брачни кревети, а дел се поединечни легла. Апартманот има дневна соба со
кревет на развлекување и спална соба. Во секоја соба има можност за плус еден
кревет и бебешко креветче.

Доколку сакате
повеќе информации за вилата, фотографии и контакт за резервација кликнете ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.