07.10.2022
Историја и вино: За добар старт на октомвриските тим-билдинг патувања
Историја и вино: За добар старт на октомвриските тим-билдинг патувања
Октомври го отворивме со тим-билдинг на две сосема доволно познати дестинации. Компанијата Сингулар со која имавме прилика да се дружиме на третиот ден од месец октомври за своите колеги од Грузија организираше уникатна прошетка низ тиквешкиот регион. Денот ни започна со посета на археолошкиот локалитет „Стоби“, парче земја која како гласник нѐ гордее со онаа кое денеска можеме да го покажеме пред странските туристи.

За тимот на Кајак.мк, локалитетот Стоби е дестинација која мора да ја посети секој македонец. Без разлика дали некогаш ве одвеле како група во локалитетот, наш совет е да ја посетите индивидуално, како би можеле да уживате во тишината и да ја почувствувате енергијата на историскиот локалитет. Стоби има свои локални водичи кои може да ви ја раскажат историјата, да ве запознаат со минатото и да ве поттикнат да размислувате за начинот на кој се живеело на ова поднебје.


Втората дестинација која ја посетивме беше винаријата „Тиквеш“, за која ние постојано велиме дека големите винарии како „Тиквеш“ се амбасадорите на Македонија во странство, а пак за малите семејни винарии додаваме дека тие се новата душна на македонското вино.


Ходниците на Тиквеш мирисат на искуство од далечната 1885 година. Денеска во винаријата можете да реализирате кратка обилколка, да се запознаете со нејзиното минато, со начинот на производство на вино и со она кое Тиквеш го има како стремеж во иднина.


Во склоп на винаријата има вински подрум, каде ние заедно со групата имавме прилика да дегустираме пет различни вина, парирани со разновидна храна. Инструкциите за парирањето на виното со храната ни се секогаш добредојдени.

Компанијата „Сингулар“, преку своето друштвено патување даде поддршка на
локалните занаетчии „Зингибер“, а воедно донираа и 200 дрвца за пошумување.
Повеќе фотографии од патувањето, можете да погледнете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Предлог дестинација за овој викенд: Преспа – езерската убавина која повторно го привлекува вниманието на патниците
Откријте ја убавината на Преспа овој викенд. Посетете ги Претор, Отешево и Крани, истражете ги локалните атракции и пронајдете идеално сместување покрај Преспанското Езеро.
Неделно откритие од Македонија: Изворите на Бабуна
Високо во Јакупица, над Нежилово, се наоѓаат изворите на Бабуна – недопрено планинско подрачје каде реката започнува како мрежа од мали студени извори меѓу шума, камен и тишина.
Една година подоцна: Како директната линија Истанбул – Охрид го отвори Охрид кон светот
Една година подоцна: Што донесе линијата Истанбул – Охрид за туризмот во Македонија?
Лето 2026: новата слика на туризмот – од класичен одмор кон искуства, планини и микро-дестинации
Лето 2026 ја носи новата насока на туризмот – од класични одмори кон автентични искуства, планински авантури и откривање на микро-дестинации што нудат вистинска поврзаност со природата и локалната култура.
Неделно откритие од Македонија: Смрдлива Вода – Кожуф
Смрдлива Вода на планината Кожуф е планинска дестинација позната по минералниот сулфурен извор, чистиот воздух и пристапот до планинарски патеки, идеална за одмор и рекреација во природа.
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто!
Тим билдинг во Грција? Semos Cloud знае зошто! Организирање тим билдинг во Грција кога сонцето има магија да ни создаде тен за старт на летната сезона.