05.09.2022

Ве запознаваме со луѓето на „Старата скопска чаршија“ кои го оддржуваат пулсот на туризмот

Ве запознаваме со луѓето на „Старата скопска чаршија“ кои го оддржуваат пулсот на туризмот

Тимот на Кајак.мк е среќен што за првпат во своето работење имаше прилика да се дружи со група љубопитни авантуристи кои допатуваа од САД се со цел да уживаат во македонските традиции и да го искусат Скопје на еден поинаков начин.


Ваквите групи нам нè мотивираат да продолжиме со истражувањето и откривањето нови локални занаетчии, готвачи и мештани кои ги кројат приказните на старите сокаци.


За оние кои досега намале прилика да ја истражуваат „Старата Скопска Чаршија“ би сакале да им споделиме неколку предлог ќошиња кои мора да се посетат и да се слушнат приказните на луѓето кои целиот живот го посветиле на своето хоби.

Ние би започнале со приказната на чичко Бурхан. Во непосредна близина на „Безистенот“ секое утро мириса вкусот на турското кафе кое го подготвува Бурхан. Нашата прва попатна дестинација беше токму неговото кафуле, каде преку уникатен начин на подготовка на кафето, ќе можете да се запознаете со турските обичаи.


Господинот Бурган секое утро мели свежо кафе, што гарантира свежина и добар вкус. Воедно, секој гостин е изненаден од начинот на кој се подготвува кафето. Станува збор за подоготовка на кафе на стар туриски начин, каде ѓезвињата се вкопуваат во врел песок и оставаат се додека кафето не зоврие. Покрај кафето, овде ќе најдете свежа лимонада со нане, турски чај и колачи.


Како втор предлог за посета на уникатно скривалиште во чаршијата ви ја препорачуваме интернационалната пивница „Ан“, која се наоѓа во Капан Ан. За нас еден од најубавите објекти во Скопје. Во анот ќе имате прилика да се запознаете со приказната за настанокот и професионалноста на луѓето кои работат со оваа место. Нивната храна е превкусна, а не заборавајте да си нарачате лепче со песто.


Не смееме да го изоставиме дуќанот на Александра. Девојката чија продвница за филиграни денеска ја краси чаршијата. За Александра сме пишувале во еден наврат, а нејзината приказна можете да ја прочитате ОВДЕ.

Се надеваме дека овие три уникатни ќошиња кои денеска ги споделуваме со вас ќе ве поттикнат да прошетате низ чаршијата.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.