01.12.2020
Престојувајте во Ресен: Храната и прошетките по Преспанското езеро на прво место!
Престојувајте во Ресен: Храната и прошетките по Преспанското езеро на прво место!
Тимот на Кајак.мк во периодот кој ни престои ќе ве запознае и со помалите градови ширум државата, кои вреди да ги посетите. Ваквите дестинации особено ги препорачуваме на луѓето кои работат во стресна атмосфера, работните денови ги поминуваат во метеж и градски хаос. 
Автор: Darkocv
Ресен е град кои има доста интересна историја и не е за потценување кога станува збор за туристичка дестинација. Во овој град се наоѓа еден од најубавите сараи во Македонија. Ресенски сарај! Ова е е еден од најрепрезентативните примери на објекти градени во неокласичен стил во Македонија. Изграден е во француски ренесансен стил и се смета за еден од поважните примери на архитектурата од почетокот на XX век, во кои се присутни елементи и од другите европски историски стилови во архитектурата. Граден е во периодот од 1905 до 1909 година.

Фото: mariceski
Ние разговаравме со Боби Ќорпановски, млад и амбициозен сопственик на мотелот „Мајска Роса“ во Ресен, кој се наоѓа на мирна локација. Тој вели дека нивниот мотел е избор за секаков профил на гости. Од млади кои сакаат да ги истражат околните планини, до повозрасните кои сакаат да прошетат покрај Преспанското Езеро. 
Боби вели дека целта на нивниот мотел е да ги задоволи потребите на сите гости. Како на оние кои сакаат да уживаат во мотелот или во пространиот двор на мотелот, така и на оние кои целта им е да го истражат градот Ресен, Преспанското езеро и Галичица.
Наш совет е викенд тура која може да биде сабота и недела со посета на: Градот Ресен, ресенскиот сарај, Преспанското Езеро и Галичица.
Повеќе информации од вилата можете да најдете со еден клик ОВДЕ.
Блог
Препораки
Прочитајте повеќе
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!
Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт
По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.
Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!
Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.
Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија
Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?
Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!
Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!
Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање
Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.