28.04.2021

Демир Капија: Идеална дестинација за активен туризам

Демир Капија: Идеална дестинација за активен туризам

Идејата ја добива додека студира во САД и се одлучува да се врати назад во родната Демир Капија каде почнува да ја гради приказната за винаријата Попова Кула. Со овие зборови домаќинката Ленче Недева ја раскажува приказната за почетоците на  винаријата „Попова Кула“ која се наоѓа во Демир Капија. 


Кајак.мк е радосен што винаријата Попова Кула успеа да се адаптира на новата ера на туризмот и да понуди идеални викенд тури за домашните и странските туристи со кои би го истражиле и би до доживеале регионот на вистински начин.

Демир Капија е место кое дефинитивно вреди да се посети. Овде можете да искусите вински тури, јавање коњи па дури и искачување на карпи.


Ленче вели дека винаријата ќе остане запаметена по квалитетното вино и винските тури кои ги организира за гостите, но вели и дека ова е добар момент да се внеси свежина во понудата со тоа што ќе му се даде поголемо значење и на активниот туризам.

Со затварањето на границите и карантинот, на луѓето им е потребна поголема слобода во природата. Од тие причини ние се одлучивме на нашите гости да им го организираме слободното време со врвни локални водичи. Ова е стимул за сите нас, како за самата винарија така и за локалните водичи, вели таа.


За сите оние кои во моментот ја читаат нашата приказна, Кајак.мк има цел да ве поттикне да ја посетите Демир Капија и да бидете активни гости.

Еден викенд во Попова Кула може да го искористите со дегустација на вино комбинирано со различни видови на храна, уживање во пространиот двор на винаријата, вински тури и тури за запознавање на историјата на Демир Капија како и едукација за тоа како се преработува виното.


Винаријата организира и активности во природа како што се прошетка по реката Дошница, посета на долината на Кактусите, искачување на тврдината Просек, изнајмување велосипеди кои може да се користат на патеките околу Попова Кула, искачување по карпите на Демиркаписката Клисура и јавање коњи.

Најголема предност од престојот во винаријата е тоа што ќе научите многу за виното. Самиот хотел во склоп на винаријата ги има именувано сите 33 соби според имињата на нивните вина, а декорацијата во собите е во согласоност со тоа дали виното е бело, црвено или розе. Она на кое што се надева Ленче е враќањето на туризмот во нормала. Бидејќи како што вели таа, ова место е попатна дестинација за сите коишто транзитираат низ Македонија, што на некој начин преставува добар промотор на тоа што може да го понуди Македонија.

Неодамна ја раскажавме приказната на Александар кој од Русија се преселува во Демир Капија. Кликнете ОВДЕ за да прочитате повеќе за неговиот патувачки живот. 

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово

Од бројки до мозаици: Креативен тим билдинг во Берово.

Мадрид и Формула 1: MADRING останува домаќин и во 2027

Мадрид повторно ќе биде домаќин на Формула 1 во 2027. Првата трка на MADRING привлече над 360.000 посетители и силно влијаеше врз туризмот.

Вештачката интелигенција и иднината на туризмот: Кој ќе остане човек?

Како вештачката интелигенција го менува туризмот, што може да автоматизира и зошто човечкиот контакт, автентичноста и искуството ќе стануваат поважни.

Хива – древниот град на Патот на свилата што National Geographic го издвојува за 2026 година

Хива во Узбекистан е меѓу дестинациите што National Geographic ги издвојува за 2026 година. Откријте го древниот град на Патот на свилата и неговото богато наследство.

За крај на оваа работна недела: 5 туристички вести што вреди да ги прочитате

Од новите правила за патување во Европа до дестинациите кои сè повеќе го привлекуваат вниманието на туристите.

Ако сте во Кочани, ова е едно место што гејмерите не треба да го прескокнат

Ако сте во Кочани, пробајте VR, PlayStation 5 и Formula Simulator. Одлична идеја за gaming, дружење, роденден или тим билдинг.