08.02.2023

Прекрасен ресторан на реката Треска: Нов предлог викенд дестинација!

Прекрасен ресторан на реката Треска: Нов предлог викенд дестинација!

Анкетата која ја започнавме на нашата фејсбук група „Туризам во Македонија“, говори дека повеќето Македонци го очекуваат пристигнувањето на пролетта за да отпатуваат некаде низ државата. Сите оние кои се љубители на топлото време, зелената боја на дрвцата и уживањето покрај вода, треба да ја имаат предвид нашата нова препорака за викенд гастро дестинација.

Денеска, караванот на Кајак.мк ве води во село Долни Манастирец во општината Македонски Брод. Многумина го знаат селото по ресторанот „Извор“ кој е изграден на брегот на реката Треска.

„Извор“ е новата гастро дестинација која ја додаваме во базата на „Гастрономија“, а точната локација, координатите, како и телефонски број за резервации можете да најдете со еден клик ОВДЕ.


За ресторанот Извор се вели дека е изграден од страна на браќата Владо и Јане кои заедно со сопругите успеваат да создадат нов модерен ресторан од пепелта на старата руинирана воденица која се наоѓала на самото место.

Студената и брза вода која се спуштала од планината некогаш ги вртела воденичките камења и мелела пченица за потребите на локалните мештани. Денеска благодарение на трудот и желбата да се развива туризмот во регионот, се гради модерен угостителски објект низ кој течат изворите.


Ресторанот е оддалечен околу 15 километри од Македонски Брод, а вашето патување во регионот можете да го искомбинирате со посета на слатинските водопади.

Информации за резервации, фотографии и точна локација можете да најдете со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.