30.03.2022

Татко и два сина градат винска приказна стара 16 години

Татко и два сина градат винска приказна стара 16 години

Во нашето досегашно постоење успеавме да раскажеме многу приказни за фамилијарни винарски визби кои никнуваат насекаде низ Македонија, ама нашата цел не е само да ги промовираме луѓето, туку и да им помогнеме да продадат што е можно повеќе производи. Свесни сме дека за да изградиме една успешна приказна треба истата таа да ни носи профит, па оттука не сме направиле ништо, ако не сме успеале да му создадеме профит на оној кој верува во Кајак. Барем така искрено си размислуваме ние во тимот.


Денеска ќе ве запознаеме со уште една фамилијарна винарска визба „Картал“ која постои веќе 16 години и има цели 16 берби позади неа и која за нас е уште едно ново гастрономско скривалиште кое вреди да се доживее.


По завршувањето на земјоделскиот факултет, двајцата браќа Јордан и Филип одлучуваат заедно со својот татко кој е исто така агроном да инвестираат и започнат со производство во вино. На почетокот започнале со производство на три сорти вино и тоа Рајнски ризлинг – бело вино и две црвени вина од сортите Вранец и Каберне совињон. Денеска во своето портфолио бројат 14 вина меѓу кои и барикирани вина (одлежени во дабови буриња) од сортите Вранец, Каберне Совињон, Мерлот, Каберне Франк, Темпранило, Шардоне Барел Ферментед и уште неколку други сорти на грозје.


Денеска како најзначаен придонес во приказната е внимателното избрано грозје, кое заедно со кооперантите на грозје посетуваат многу внимание и грижа за насадите.

Додека го читавте текстот, сигурно на памет ви падна дека станува збор за винарска визба во регионот на Кавадарци, но денешната визба која ја додаваме на платформата на Кајак се наоѓа на само 5 километри од центарот на Скопје кон населбата Драчево. За оние кои бараат точна локација се со цел да ги посетат истата ќе може да ја најдат на ул.1519 бр.7.


Денеска како главни менаџерти на визбата се јавуваат браќата Јордан и Филип кои воедно се главни енолози. Во склоп на винарската визба Картал има соба за дегустација со капацитет од 25 гости. Покрај домашните гости, чести посетители се и гости од странство, кои покрај убавината на Македонија, главниот град Скопје, имаат и ексклузивна можност да се запознаат и вкусат дел од нашите квалитетни суви вина спарени со соодветна храна.


Повеќе информации за винаријата Картал ќе најдете во нашата база „Гастрономија“ или со еден клик ОВДЕ.

Остави Коментар

Прочитајте повеќе

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Триглав Осигурување докажа дека Пехчево е вистинско богатство за тим-билдинг авантури!

Ја заменив Норвешка со село Шлегово: Творењето ја води Маргарета низ животниот лавиринт

По осум години во Норвешка, Маргарета се вратила во село Шлегово, во потрага по поспокоен живот и повеќе време за творење. Инспирирана од природата и скандинавската естетика, денес создава уникатни ракотворби од рециклирани и други материјали.

Создавам работи кои не можат да се купат во продавница!

Од камчиња до 25.000 парчиња: Александар Радически од Гостивар создава уникатна уметност и им дава нов живот на заборавените предмети.

Домашна храна покрај патот: идеја за нови туристички застанувања во Македонија

Британските штандови со домашни колачи инспирираат прашање: дали и во Македонија локалната храна може да стане причина за ново туристичко застанување?

Тим билдинг во Словачка, плус бонус трака до Виена!

Тим билдинг во Словачка со Кајак.мк, плус бонус трака до Виена!

Паметно патување во дигиталната ера: од избор на сместување до безбедно онлајн плаќање

Како правилно да ја користиме технологијата при патување? Совети за избор на сместување, проверка на информации, комуникација со домаќини и безбедно онлајн плаќање.